За ЕУ интеграцијата на Западен Балкан на средбите на Калас со Мицотакис и Герапетритис во Атина

November 6, 2025
1 min read

Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по средбата со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Проширувањето на ЕУ и европската перспектива на Западен Балкан беше една од темите што се најдоа на агендата разговори на Калас како со Герапетритис, така и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Министерот за надворешни работи на Грција посочи дека Западен Балкан е „историско поле на развој на национализми и конфликти“, а тие како Европа, мора да дејствуваат и да испратат силна политичка порака за европската перспектива, „за да го забрзаме процесот на пристапување онаму каде што постои подготвеност“.

Додаде дека потребно е да има усогласување со критериумите и секоја земја- кандидат да ги почитува европското и меѓународното право, принципите на демократијата и добрососедството.

Поддршката на Грција за пристапниот процес на Западен Балкан во Европската Унија ја повтори грчкиот премиер на средбата со Калас, посочи дека одредени земји имаат значителен напредок, но и порача дека е потребно „да ги охрабриме оние земји што не го направиле тоа да продолжат со своите напори и да не се откажуваат од перспективата за приклучување кон европското семејство“.

-Како прва балканска земја што се интегрираше во европското семејство, пред повеќе од 40 години, верувам дека сме во позиција, убедливо да им кажеме на сите земји дека треба да ги спроведат потребните реформи, а во исто време препознавајќи го напредокот што го постигнаа некои земји, рече Мицотакис.

Калас пак, нагласи дека „проширувањето е исклучително важно и дека навистина може да се постигне опиплив напредок во оваа област“.

На средбите на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика со Мицотакис и Герапетритис станало збор и за меѓународните и регионалните случувања, со фокусот на Украина, Западен Балкан, Блискиот Исток и Источниот Медитеран. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белингам се врати во репрезентацијата на Англија

Следно

Драма на сафари: Лав скокна на покрив на џип, полн со туристи (ВИДЕО)

Latest from Blog

Кејт Винслет за јавното исмевање на изгледот: Водител ме навреди на црвениот тепих за фустанот

Добитничката на Оскар забележа дека младите луѓе денес „опсесивно бркаат недостижен идеал за совршенство само за да добијат повеќе лајкови на Инстаграм“, додавајќи дека е длабоко вознемирена од ова. „Тоа е разорно“,

Планинар тргнал кон врвот на највисоката планина во Јапонија во 2 часот наутро, доживеал шок (ВИДЕО)

Видеото е објавено на TikTok, каде што брзо „собра“ над 1,1 милион прегледи, а е снимено на планината Фуџи, светиот симбол на оваа земја. „Кога мислиш дека си посебен“ Авторот на видеото

Венецуелскaта добитничка на Нобелова награда му ја посвети наградата на Трамп – не може да ја подигне поради забрана за патување

Норвешкиот Нобелов институт ја откажа планираната прес-конференција со овогодинешната добитничка на Наградата за мир, Венецуелката Марија Корина Мачадо, поради нејзината забрана за патување. Мачадо е предмет на децениска забрана за патување воведена

Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти, рече пратеникот Бране Петрушевски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Во
Go toTop