За брз кредит од 9 000 денари, граѓанин бил принуден да плати над 75 000 денари – извештај на Народниот правобранител

March 30, 2023
3 mins read

Народниот правобранител денеска го презентираше Годишниот извештај, при што посочи дека правата на децата се една од областите каде што имало најмногу прекршувања минатата година. На пример, констатирана е сегрегација во училишта во Битола и Штип бидејќи биле формирани паралелки со претежно деца од ромска националност

Народниот правобранител зборуваше и за присилната наплата на долгови, при што посочи дека граѓани и семејства се оставаат без егзистенција со блокирање на сметките, па затоа апелира да се направат законски измени во насока на лимитирање на делот кој им се запира на граѓаните на име на долг

Насер Зибери, Фото: МИА

За земен брз кредит од 9 000 денари, граѓанин бил принуден да плати сума за осум пати поголема од главниот долг или 75 772 денари.

Ова е еден од случаите за кои во текот на минатата година била поднесена претставка до канцеларијата на Народниот правобранител.

„За да има јавноста јасна претстава за што зборувам, ќе илустрирам со еден пример. Земен кредит од 9 000 денари, за доцнење со негова исплата, навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат други огромни трошоци. Така за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2 026 денари, за надоместок за доцнење дури 58 846, денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомената 5 900 денари, долгот ја достигнува сумата од 75 772 денари, што е сума за осум пати поголема од главниот долг“,

рече денеска народниот правобранител Насер Зибери, пренесе МИА.

Оваа институција нема директна надлежност за работата на финансиските друштва, па Зибери на побара надлежните веднаш да пристапат кон измена на законските регулативи со цел граѓаните при враќањето на кредитите да не бидат повеќекратно оштетени.

Најмногу претставки за правосудството, а најмногу прекршувања кај правата на децата

Примерот со претставката за брзиот кредит бил само една од неколкуте што биле поднесени до Народниот правобранител во текот на 2022 година. Зибери го сподели со јавноста на прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права.

Во него се констатира дека меѓу областите во кои имало континуирано најмногу повреди во минатата година биле детските права, правосудството, граѓанските состојби, потрошувачките права …

Според статистичките податоци, вкупно во текот на минатата година биле примени 3 209 претставник, а 273 предмети биле пренесени од претходната година. Постапка била поведена по 2 173, додека за 737 претставки правобранителот не бил надлежен.

Бројката на примени претставки, како што рече Зибери, претставува зголемување за околу 20 отсто во однос на минатата година, што е очекувано со оглед на фактот што состојбата со пандемијата се стабилизира и сите институции се вратија на начинот на работа пред пандемијата.

Тој посочи дека како и претходните години, така и во 2022 продолжи трендот на прво место според бројот на поднесени претставки да биде областа правосудство – 534 или 16,64 отсто од вкупниот број, потоа потрошувачките права 337 или 10,50 отсто, работните односи – 288 или 8,97 отсто, детските права 252 или 7,85 отсто, имотно-правните односи – 208 или 6,48 отсто.

Во Битола и Штип имало сегрегација – се правеле паралелки со претежно ромски деца

Во однос на правата на детето, како област каде се констатирани најмногу повреди, Зибери презентираше и примери.

„Најмногу повреди констатиравме кај правата на детето, податок кој нè загрижува бидејќи станува збор за лица кои согласно Конвенцијата за правата на детето уживаат посебна заштита. Во овој сегмент и преку предметното работење, но и од спроведеното истражување, утврдивме најтежок облик на дискриминација – сегрегација во две училишта, едното во Битола, другото во Штип. За овој случај и Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во која исто така констатираше појава на сегрегација, нешто што беше карактеристично за 19 век“,

рече Зибери.

Тој појасни дека станува збор за основните училишта „Ѓорѓи Сугаре“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип каде што констатирале дека има паралелки кои претежно се составени од ромски деца.

„Оттука апелирам во овие две општини веднаш да престанат со праксата на лесно издавање на исписници од училиштата и да ја почитуваат реонизацијата затоа што процесот на инклузивност е еден од најзначајните процеси за елиминирање на дискриминацијата“,

рече омбудсманот.

Зборувајќи за детските права, Зибери го спомена проблемот со (не)обезбедување образовни асистенти за учениците со попреченост во средните училишта, што е дел од она што се нарекува инклузивно образование.

„Иако се најавуваше, новиот Закон за средно образование до крајот на извештајната година, не е донесен, па образовните асистенти во општинските средни училишта се обезбедуваа проектно, со вклучување на општините во програмата за Општинско-корисна работа, а со поддршка на УНДП, но за која не се заинтересирани голем број општини“, додаде тој.

Поради наплата на долгови, на граѓаните им се загрозува егзистенцијата

Еден од сегментите за кои зборуваше Зибери денеска беа и постапките за присилна наплата на неплатен даночен долг, радиодифузна такса и други јавни приходи и парични казни од страна на државата, УЈП, Градот Скопје и општините.

„Имено, од овие субјекти, на одредени граѓани со години им се загрозува како личната, така и егзистенцијата на нивните семејства бидејќи присилна наплата исклучиво ја спроведуваат преку блокада на нивните трансакциски сметки во банки со одземање на целиот износ од плата, пензија, надоместоци од социјална заштита, невработеност и слично, кој тие го примаат. Следствено на тоа, тие подолг временски период, остануваат без основни средства за егзистенција, а дополнително се принудени да им плаќаат финансиски средства на банките за деблокирање на трансакциските сметки“,

рече Зибери.

Оттука тој апелира на граѓаните без каков било исклучок да не им го одземаат целиот износ од плата, пензија, надоместоци од социјална заштита, невработеност и слично и побара веднаш да се донесат соодветни измени и дополнување на одредбите од Законот за даночна постапка и Законот за даноците на имот во насока на лимитирање на делот кој им се запира на граѓаните на име на долг.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ја доживеа истата судбина како Ериксен: Драгиша Гудељ бил оживеан на теренот, само под еден услов може да продолжи да игра

Следно

Блинкен „длабоко загрижен“ поради руското апсење на американски новинар

Latest from Blog

Коњановски се сретна со планинарите на „Први на Први“ на Пелистер

Настанот „Први на Први“ во организација на ЗПСК „Олимпус Монс“ со поддршка на Oпштина Битола оваа година по 5-ти пат го организираше искачувањето нав врвот „Пелистер“ (2601мнв) на 01.01.2026 година. Секоја година

Тешко повредените од пожарот во Кран-Монтана ќе се лекуваат и во соседни земји, бројот на жртви расте

Дел од тешко повредените лица во смртоносниот пожар што избувна во новогодишната ноќ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана најверојатно ќе бидат префрлени на лекување во соседни земји, поради ограничените капацитети за третман

Мицкоски: Наша цел е да бидеме најдобри во Западен Балкан, оставаме ЕУ да одлучи дали ќе биде заложник на билатерализација или ќе гледа објективно

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци изјави дека се работи на реформската агенда и очекува некаде во април да бидеме најдобри од државите во Западен Балкан. -Мислам дека она што заостануваше, а

Се огласи Роберто Карлос по операцијата: „Немав срцев удар!“

ФОТО: Roberto Karlos/X Легендарниот Бразилец Роберто Карлос, се огласи со официјално соопштение по операцијата на срцето. Еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, познат по своите исклучително моќни удари и слободни
Go toTop