Вучиќ: Сите на Запад знаат дека Курти е виновен за ескалацијата на северот на Косово, но ние немаме ништо од тоа

June 2, 2023
2 mins read

Српскиот претседател додаде дека не ја разбира смислата за одржување на нови избори во општините со мнозинско српско населени во Косово – нешто на што деновиве повикуваат претставници на меѓународната заедница – бидејќи, како што рече, „на нив сигурно ќе победиме, а тие ќе продолжат да нè лажат дека ќе формираат ЗСО, како што нè лажат повеќе од десет години“.

Сите на Запад знаат дека Приштина и Албин Курти се виновни за ескалацијата во северот на Косово, но Србија нема никаква корист од тоа, изјави претседателот Александар Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва, говорејќи за тензиите во косовските општини со мнозинско српско население.

„Курти знае дека што и да прави, Американците, Англичаните и Германците ќе бидат за тоа дека независноста на Косово мора да се зачува, дека Србите во ниту еден момент не смеат да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на Косово, дека не смее да се дозволи до 1 000 српски војници и полицајци да се вратат на Косово, да не се дозволи вистинска автономија на Србите на Косово“,

изјави Александар Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.

Александар Вучиќ, претседател на Република Србија

Говорејќи за кризата во Косово, Вучиќ додаде дека ситуацијата за Србија е комплицирана бидејќи, како што рече, може да ескалира секој ден со оглед на тоа што косовскиот премиер Албин Курти нема да престане да испраќа специјални полициски сили во општините со мнозинско српско население.

„Нему не му е проблем што некој друг ќе војува. Тој нема. Тој сака Србија и НАТО да влезат во конфликт. Сè освен да влеземе во конфликт со НАТО е во наш интерес. А, мораме да му помогнеме на нашиот народ – затоа ситуацијата во која се наоѓаме е комплицирана“,

рече тој.

Додаде дека видеата од инцидентите на северот на Косово не покажуваат кој го започнал конфликтот, но за тоа ја обвини косовската полиција, а не НАТО.

Српскиот претседател додаде дека не ја разбира смислата за одржување на нови избори во општините со мнозинско српско населени во Косово – нешто на што деновиве повикуваат претставници на меѓународната заедница – бидејќи, како што рече, „на нив сигурно ќе победиме, а тие ќе продолжат да нè лажат дека ќе формираат ЗСО, како што нè лажат повеќе од десет години“.

Доколку Србите ја имаат локалната власт во овие општини, Вучиќ смета дека тензиите барем малку ќе се намалат.

Српскиот претседател изјави дека не знае кое е решението деескалација на тензиите со Косово, но додаде дека сака да ги слушне предлозите на западните претставници кои идната недела ќе допатуваат во Белград.

Идната недела, како што објави регоналниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), во посета на Белград и Приштина ќе бидат специјалниот претставник на Европската Унија, Мирослав Лајчак, и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Нивната посета доаѓа во време на тензии на северот на Косово, каде групи локални Срби во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток веќе една недела протестираат поради новоизбраните албански градоначалници. Тие беа избрани на вонредни локални избори, кои Србите ги бојкотираа и чии резултати не ги признаваат.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лидерска средба: Мицкоски е за разговор во четири очи со Ковачевски

Следно

Рамос потврди: Утре се збогувам со ПСЖ!

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop