Вучиќ: „Петорката“ ми рече – прифатете го планот или соочете се со последиците

January 23, 2023
2 mins read

Тој наведе дека европските претставници дошле со план „кој првпат го видовме пред 60 дена, во чие креирање ниту учествувавме, ниту некој не прашал или консултирал“

Дојде „западната петорка“, во втората реченица што ми беше соопштена, беше речено – треба да го прифатите овој (француско-германски) план, а ако не го прифатите, ќе се соочите со последиците, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес-конференцијата на која сподели детали со јавноста од средбата со европските претставници во петокот, јави Н1.

Како што рече Вучиќ, му било порачано дека планот мора да биде прифатен.

„Ќе се соочите, под еден, со прекин на евроинтегративниот процес, под два ќе се соочите со запирање и повлекување на инвестициите, под три – сеопфатни мерки во политичка и економска смисла што ќе ѝ наштетат на Србија. Ова ми беше повторено уште три пати во текот на разговорот и секој пат жестоко реагирав на тоа“,

изјави Вучиќ.

Тој рече и дека смета дека замрзнатиот конфликт е најлошото решение и дека треба да се бара компромис.

„Важно е да работиме на компромисно решение, не верувам дека тоа е можно со режимот на Курти, мора да бараме решение бидејќи ни треба мир со Албанците“,

посочи Вучиќ.

Тој наведе дека европските претставници дошле со план „кој првпат го видовме пред 60 дена, во чие креирање ниту учествувавме, ниту некој не прашал или консултирал“.

„Дојдоа да ни го претстават нивниот план, без никаква вина на Србија, никому ништо не направивме, ниту еден Албанец не беше застрелан, ништо не направивме, дојдоа и ни го покажаа планот, а потоа на 13 декември сите земји-членки го прифатија планот и петте непризнавачи на Косово, бидејќи им објаснија дека во планот нема експлицитно признавање на независноста на Косово, иако го прикриваа фактот дека постои имплицитна обврска да не се спротивставуваме на влезот на Косово во ОН. Сите тие го прифатија, со што тој план стана де факто нова преговарачка рамка за Србија. За нас нема напредок ако не работиме, ниту во Европа, ниту пак е можно нешто да се направи ако не соработуваме“,

додаде Вучиќ.

Претходно на седница на Владата на која се разговарало за решавање на проблемот со Косово, ги информирал министрите за ставот на официјален Белград за прашањето за Косово, како и со „предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија“.

На седницата, која беше затворена за јавноста, според српските медиуми кои се повикуваат на соопштение на владата, Вучиќ побарал целосна посветеност, трудољубивост на министрите и уште пожестока и поинтензивна работа во иднина.

Во петокот, по средбата со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалогот за нормализација на односите со Косово, што беше потврдено и од претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Словачкиот дипломат и специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Лајчак, оцени дека Вучиќ покажал одговорен пристап и подготвеност да носи тешки одлуки во интерес на мирот и европската перспектива на Србија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЕ НАЈАВУВА СНЕГОТ ДА ВРНЕ БЕЗ ПРЕСТАН ДО УТРЕ – на овие места ако продолжи така да врне вечерва, до утре се ќе биде потрупано (ФОТО)

Следно

Андоновски: Сите пратеници кои што се чувствуваат дека се дел од општественото движење кое што сака промени ќе се приклучат на ВМРО-ДПМНЕ и ќе има предвремени избори

Latest from Blog

Надзор во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и

Зголемување на старосната граница за заминување во пензија е штетна и ние во целост ја отфрламе, вели потпретседателката на СДСМ Кристина Костова.

Ваква мерка ќе придонесе за дополнителна дестимулација за вработување на младите, кои поради неповолните услови за пензионирање, уште повеќе ќе си го бараат чарето надвор од државата. Политичките одлуки на ДПМНЕ имаат

Сомнителна кеса со плински боци и запалива течност пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена
Go toTop