Вучиќ: Ковачевски остро реагираше за Курти – за опозицијата тоа е антиевропска политика и потчинетост кон Србија

August 22, 2023
1 min read

реклама



Ковачевски многу остро реагираше за тоа што Курти го направи во Тетово. Ова беа зборовите на српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина кои ги пренесоа српските медиуми. Тој го изрази своето задоволство што Ковачевски жестоко го критикувал својот косовски колега.

„Видов кога Димитар Ковачевски остро му реагираше на Албин Курти за тоа што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено, и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да внимаваат да не им дадат нешто што некој би можел да го користи, за да ни направат и нам исто како Курти.“, рече Вучиќ.

реклама

Но, со кои зборови премиерот Ковачевски жестоко го критикувал својот колега Курти? ТВ21 испрати прашања до владината прес-служба за тоа што точно изјавил Ковачевски за Курти, но од таму без конкретен одговор.

„Во однос на Вашите прашања, Ве информираме дека Владата на Република Северна Македонија се залага за градење добрососедски односи со сите свои соседи. Взаемното почитување и добрососедските односи се предуслов за стабилен регион и во крајна линија се основа која обезбедува економски развој и подобри услови за живот за сите граѓани од сите земји од Западен Балкан. Оттука, стабилноста на регионот и зацртаната цел евроинтеграцијата остануваат на врвот на нашите приоритети.“, велат од Владата.

реклама

Во меѓувреме, за албанската опозиција средбата меѓу Ковачевски и Вучиќ и пораките дека ниту една земја не треба да ја навредува и оптоварува другата, не е дорбодојдена. Изет Меџити од Демократското движење вели дека Вучиќ секогаш кога има притисок да воведе санкции кон Русија, игра на картата на српскиот свет, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

„Во моментот кога има сериозни најави од меѓународната заедница дека против Србија треба да се воведат санкции доколку таа не воведе санкции против Русија, да се сретнеш и да кажеш дека се „сјае“ во односите Србија – РСМ, се плашам дека тоа негативно може да се одрази и од меѓународен и од домашен аспект. Со оваа средба на Ковачевски и Вучиќ наместо да се дадат мировни пораки, тие го прават спротивното. Ковачевски ја покажува неговата потчинетост кон Србија, а другиот ја вклучи и Македонија во „српскиот свет„“, изјави Меџити.

реклама

Реагираше и Движењето Беса кои го повикуваат премиерот Ковачевски да се огради од просрпската и антиевропската политика. Инаку, појаснувањата меѓу Ковачевски и Вучиќ дојдоа по изјавите на српскиот министер за одбрана дека Северна Македонија и Црна Гора ја навредиле Србија и се мешаат во нејзините внатрешни работи по признавањето на Република Косово како независна држава.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фернандез: Не сум сигурен дека Шпанија ќе биде светски шампион оваа година

Следно

Спинели: Алегри ќе го напушти Јувентус

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop