Вучиќ и Курти различно зборуваат за планот на ЕУ за Косово и формирањето на ЗСО

February 10, 2023
2 mins read

Белград инсистира дека формирањето на ЗСО е клучна точка за продолжување на дијалогот. Курти, пак, претходно изјави дека би можел да размисли за формирање на таква заедница, но со шест услови, меѓу кои се – да е во согласност со косовскиот устав, да не се заснова исклучиво на етничка основа и да може да се разгледува по меѓусебното признавање

Косовскиот премиер Албин Курти вчера ги информираше пратениците во косовскиот парламент за деталите од француско-германскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, кој претходно начелно го прифати, велејќи дека го смета за „добра основа за понатамошни разговори“, објавија приштинските медиуми.

„Го прифаќаме предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и го сметаме за добра основа за понатамошни разговори и солидна платформа за продолжување напред“,

објави Курти на Твитер по состанокот на 6 февруари со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, во Приштина.

Курти вчера повтори дека француско-германскиот предлог, сега познат како план на ЕУ, не е конечен, туку основен договор и добра почетна точка за дополнителни разговори.

Овој договор, како што беше претставен на двете страни од американско-европските дипломати во втората половина на јануари, предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово (Заедница на српски општини ЗСО).

Белград инсистира дека формирањето на ЗСО е клучна точка за продолжување на дијалогот. Курти, пак, претходно изјави дека би можел да размисли за формирање на таква заедница, но со шест услови, меѓу кои се – да е во согласност со косовскиот устав, да не се заснова исклучиво на етничка основа и дека воопшто може да дојде предвид дури по меѓусебно признавање.

Вучиќ им порача на претставниците на САД и ЕУ дека Србија е подготвена да го прифати концептот на европскиот план и да работи на спроведувањето на предложениот договор за дијалог за нормализација на односите со Косово.

Белград го протолкува европскиот предлог како ултиматум кој условува напредок во евроинтеграцискиот процес. Доколку Србија не го прифати, се заканува дека ќе ги запре странските инвестиции и ќе го укине безвизниот режим со земјите од ЕУ, предупредија српските власти.

Во минатонеделната расправа за Косово во парламентот, Вучиќ трипати по ред им повтори на претставниците дека нема да ја признае независноста на Косово ниту приемот во ОН.

Курти во вчерашното обраќање пред парламентот истакна дека тоа е основен договор, а не правно-обврзувачки, конечен договор и дека не е предлог „земи или остави“.

Српскиот претседател вчера оцени дека било очекувано „претерувањето“ на Приштина во врска со формирањето на ЗСО.

„Покажаа дека немаат намера да формираат ЗСО и сега чекаме да видиме што ќе направат Американците и Европејците“,

рече Вучиќ.

Во 2008 година Косово прогласи независност, која Белград одбива да ја признае и да се согласи да го прими Косово во ОН. Независноста на Косово ја признаваат водечките западни земји, но не и Кина, Русија, Ватикан и пет земји-членки на ЕУ, додека Белград официјално тврди дека државноста на Косово е прифатена од помалку од 100 земји од ОН.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФИФА ги објави тројцата финалисти во изборот за тренер на годината

Следно

ФОТО: Спасено бебе старо 20 дена, во раката држело прамен коса од мајката

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop