Вучиќ и Курти го потврдија учеството на состанокот во Брисел на 27 февруари

February 22, 2023
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти го потврдија учеството во новата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, што ќе се одржи во понеделник (27 февруари) во Брисел. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак почнувајќи од 15 часот ќе одржат одвоени состаноци со лидерите, по што ќе следи заеднички состанок.

На крајот од состанокот е предвидена изјава на Борел за медиумите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Пендаровски со претставници на Македонската горанска заедница

Следно

Тендерот за пречистителна станица во Скопје завршил, ама Арсовска не сакала да го потпише договорот

Latest from Blog

В недела избори во Шпанија. Десницата води во анкетите, Санчез верува во победа

Пред изборите во Шпанија во недела, лидерите на главните партии ги одржаа последните предизборни митинзи. Социјалистичкиот премиер Педро Санчез рече дека е уверен дека ќе им пркоси на предвидувањата на анкетите, додека

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните
Go toTop