Вртоглав износ: Ал-Хилал подготвува 300 милиони долари за Меси

January 12, 2023
1 min read

Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во првенството на Саудиска Арабија.Според „Мундо Депортиво“, Ал-Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди плата од 300 милиони долари годишно.

Значителен дел од оваа сума ќе биде издвоен од државната каса.

Договорот на Аргентинецот со неговиот сегашен клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. ПСЖ е во преговори за продолжување.

Да потсетиме дека претходно Кристијано Роналдо се пресели во Ал-Наср кој е главен ривал на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.

Саудијците се надеваат дека потпишувањето на двајца играчи од оваа големина значително ќе го зголеми интересот за лигата, а тоа, пак, ќе ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Во Владата има политички консултации за 14 испразнети амбасадорски места

Следно

Одобрена е првата вакцина за пчели

Latest from Blog

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја
Go toTop