Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) ја укина забраната за емитување изборни резултати

May 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) ја укина забраната за емитување изборни резултати во 18:15 часот по локално турско време, односно 17:15 часот по регионално време, пренесува Анадолу.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, во изјавата за медиумите истакна дека ЈСК ја укинала забраната за емитување изборни резултати во 18:15 часот по локално турско време.

Повеќе од 64,1 милион луѓе беа регистрирани за гласање, вклучително и над 1,92 милиона што претходно гласаа на гласачките места во странство.

Вкупно 191.885 гласачки кутии беа поставени за гласачите низ Туркије.

Милиони гласачи излегоа на гласање во првиот круг избори на 14 мај за да изберат претседател на земјата и членови на нејзиниот Парламент од 600 места.

Народна алијанса на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган освои мнозинство над шестпартитната опозициска Национална алијанса во Парламентот.

Во вториот круг гласање турските гласачи гласаа за претседател на земјата, избирајќи помеѓу актуелниот претседател Ердоган и противкандидатот од опозицијата Кемал Киличдароглу откако ниту еден кандидат не ги освои потребните 50 отсто во првиот круг, иако Ердоган беше во водство со 49,52 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворени избирачките места во Турција – почнува пребројувањето на гласовите

Следно

„Хабертурк“: По пребројани 90% – Ердоган во водство со 52,7% наспроти Киличдароглу со 47,3%

Latest from Blog

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop