Врховна изборна комисија на Туркије: Претседателот Ердоган води на изборите со 54,47 отсто од гласовите

May 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, истакна дека се пребројани 54,6 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во земјата, јавува Анадолу.

„Досега се пребројани 54,60 отсто гласови. Продолжува внесувањето на податоците“, рече Јенер во изјавата за медиумите.

„Моментно се пребројани 26.781.551 глас, од кои 26.412.590 се важечки, додека 368.961 се неважечки“, нагласи тој.

Јенер информира дека записите на изборните податоци веднаш се споделуваат со политичките партии.

„Моментно почитуваниот Реџеп Таип Ердоган има 54,47 отсто гласови, додека почитуваниот Кемал Киличдароглу има 45,53 отсто гласови“, додаде Јенер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Хабертурк“: По пребројани 90% – Ердоган во водство со 52,7% наспроти Киличдароглу со 47,3%

Следно

Новоизбраните градоначалници на северот на Косово имаат нула политички легетимитет, вели известувачката за Косово во ЕП

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop