Времен режим на сообраќај на патот Велес-Неготино, автопатот Скопје – Куманово кај Бунарџик и делница Демир Капија – Смоквица

October 9, 2024
1 min read

Времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново. Како што соопштуваат од АМСМ по информација од СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје, сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

На автопатот Скопје – Куманово, поточно автопат А1/А2 делница од клучка ТИРС Бунарџик до пред патарина Миладиновци, 04.10 – 10.10.2024 год. од 07:00 до 19:00 ќе се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата (брза) сообраќајна лента која ќе биде затворена за сообраќај и сообраќајот ќе се одвива по десната и помошната сообраќајна лента каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, известуваат од ДПТУ Ескаватори – MK ДООЕЛ.

Синтек инженеринг ДООЕЛ известува за отпочнување на времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 03.10.2024 година до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Имено десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се
однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ постави рекорд по процент на освоени натпревари на Мастерс турнирите

Следно

Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски

Latest from Blog

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – едукација за роботско производство и индустриски технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок
Go toTop