Време е за примирје меѓу невакцинираните и вакцинираните против ковид

January 13, 2023
4 mins read

Вајнстин: Една од работите што треба да ги направиме, е да одлучиме каде ќе ја повлечеме границата. Јас им простувам на оние што згрешија и го направија тоа што мислеа дека е исправно, врз основа на погрешни информации, за кои во тој момент не можеа да знаат дека се погрешни. 

Роган: И јас гледам така на тоа.

Вајнстин: Од друга страна, ако плукавте по луѓето што беа скептични околу вакцините, ако ги демонизиравте и велевте дека не треба да имаат пристап до болничка нега, и ако сметавте дека не е трагедија ако тие умрат, а сега сте помеѓу големото мнозинството кое не сака да прими бустер-вакцина затоа што целата работа ви изгледа малку сомнително, она што треба да го направите е да признаете.

Не мора да се преправате дека сте биле во право кога сте нè демонизирале. Едноставно, сменивте страна врз основа на податоци кои ве убедија дека нешто тука не е во ред, и, нема да ве казниме ако излезете и признаете дека не сте биле во право. Ама немој да сте се осмелиле и понатаму да плукате по нас, а да криете дека и самите сте станале скептични околу вакцините, па сега не знаете како да си го објасните тоа во својата глава. Јас таму ја повлекувам границата. Мора да се разбереме едни со други, мора да најдеме начин да се помириме, и да сфатиме дека повеќето луѓе не направија ништо погрешно. 

Роган: Јас не ја повлекувам границата таму, затоа што чувствувам дека морамe да имаме милост и да простуваме. Тоа е единствениот пат што не води кон единство. Не сакам да ги демонизирам луѓето што ме демонизираа мене. Не сакам да бидам лут на луѓето што ме нарекуваа анти-ваксер. Знаеш, ги имав Д-р Питер Хотез и Мајкл Остерхолм, уште на почетокот од пандемијата. Епизодата со Остерхолм исплаши многумина. Се емитуваше во првите денови од пандемијата, пред да постојат вакцини, а Остерхолм предвидуваше сценарио кое беше многу застрашувачко. Ме исплаши мене, направи и јас да сакам да се вакцинирам, и направи многу луѓе едвај да чекаат да се вакцинираат. 

Кога го имаш тој наратив во глава, и гледаш луѓе кои на овој или оној начин се противници на тој наратив, ги гледаш како некој што може да е опасност за себе и околината, дури ни логично тоа не е разумно, бидејќи вакцината го спречуваше вирусот, зошто тогаш би бил гневен на луѓе што не ја земаат вакцината кои би биле ранливи. 

Зошто би бил гневен, треба да ти е жал, треба да пробаш да ги убедиш, со љубов и разбирање, дека таа функционира и да искомуницираш со нив на начин кој ќе допре нив. А не со тоа што ќе ги нарекуваш луѓето идиоти или будали или чудовишта или ги демонизираш и се смееш кога ќе умрат.

Имаше една жена што пишува за храна, која демонизираше луѓе и тоа го направи на начин што рече дека единствената добра страна е тоа што луѓето кои умираат се анти-ваксери и дека тоа е добро затоа што тоа се луѓе кои не им веруваат на фармацевтските компании. Компании што имаат направено повеќе криминали од било која индустрија што некогаш постоела – кои имаат повеќе лаги за штетното влијание и штетните реакции што луѓе би можеле да ги имаат или би ги имале ако ги користат нивните лекови. Каде што имаше внатрешна кореспонденција во која ги опишуваат, ова се однесува на Вајокс, штетните нуспојави кои ќе се случат додека истовремено велат лекот ќе биде добар за нас. Го имаме тоа. Ги имаме овие докази.

Но за луѓето кои наседнаа немам ништо освен љубов за нив, и мислам дека единствениот начин да излеземе од сето ова е да им простиме. А луѓето имаат толку отпор кон тоа, велат „заеби ги тие“ ама не можеме да имаме општество со „заеби ги нив“, затоа што ние сме тие, и тие се ние. Јас можев да бидам еден од нив. Ако не го правев овој поткаст, ако бев само обичен комичар и тоа беше сѐ што го работам, и не обраќав многу внимание на алтернативни медиуми и подкасти што зборуваа за тоа. Луѓе како Питер Мекала, или Роберт Мелоун, сите оние луѓе што кренаа глас против вакцините. 

Ако и јас бев еден од оние луѓе што немаат пристап до таков вид информации, немаше да имам целосен увид во настаните, и ако јас се вакцинирав, а други луѓе не, и јас ќе бев „кој ги ебе нив“, ќе бев ист како луѓе што ги знам, со кои порано бев пријател, кои сега ми се гневни и ме мразат и серат за мене он-лајн. Им простувам. И јас ќе бев како нив да не ги следев дискусиите поврзани со темата, и ако немав поглед на свет каков што имам. 

Мојата личност е имуна на срања: кога сум соочен со срања велам – еј, знам дека е ова срање. Пораснав без татко. Не им верувам на луѓето. Мислам дека има многу срање во светот. Луѓе се обидувале да манипулираат со мене. Сум бил во опасност. Знам дека луѓето знаат да бидат матни. Има матни луѓе во светот. И луѓето што немаат искуство како моето, што немаат таква перспектива, сфаќам зошто формираат такви заклучоци, затоа што и јас сум можел да испаднам таков. 100% сум можел да бидам таков.

Единствениот начин на кој можеме да си помогнеме едни со други е луѓе како тебе и луѓе како мене и други луѓе кои ги имале овие поинакви гледишта и сите оние луѓе кои биле демонизирани, да им простат на луѓето и ако не го направиме тоа ние само го продолжуваме постоењето на овие идеолошки племиња кои се борат меѓу себе и ги постојано го мрдаат голот. Затоа што видовме како го мрдаат голот кога се откри дека ковид, односно дека вакцините не го спречуваат пренесувањето на болеста, не спречуваат заразување, не спречуваат ти да се разболеш. Го видовме тоа како се случува и потоа видовме како се менува наративот. Па беа као, знаеш ние го знаевме тоа, знаевме дека вакцините само ќе спречат посериозно да заболеш од ковид.

Па што ми се лутиш на мене кога јас не се разболев сериозно? Зошто луѓе мене ми се лутеа? Затоа што не го правев тоа што тие го правеа, а тие мислеа ја направиле правилната работа, а јас не ја направив правилната работа и јас сум само лудак кој верува во рамна Земја и кемтреилс или што и да е. И јас промовира опасни дезинформации кои на крај излегоа дека се точни. Тоа е она што е толку лудо околу целата работа.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вонредна состојба поради торнада во јужниот дел на САД, седум жртви досега

Следно

МВР распиша меѓународна потерница по избеганиот затвореник Беким Мемети

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop