ВРЕДИ: Не му е лесно на Ахмети кога разбира дека од САД се интересираат за трансакциите за фамилијарниот имот Соравија

November 3, 2024
1 min read

Не му е лесно на Ахмети кога разбира дека од САД се интересираат за
трансакциите за фамилијарниот имот Соравија. Од страв ги помешале
лончињата и ги истураат опозициските фрустрации кон Изет Меџити, кој
пред две години јасно предупреди дека корупцијата ќе го однесе ДУИ во
опозиција, велат од коалицијата ВРЕДИ.

„ДУИ престана да се занимава со правата на Албанците во моментот кога
стана организација за лично и фамилијарно богатење на поединци.

Кралевите на коцката и проституцијата од ДУИ гревовите за “Мегавин” нека си ги бараат кај Артан и Прпарим. Нека си ги гледаат и релациите со
Белград и српската коцкарска мафија, блиска до ДУИ.

Со оваа блеферска реторика ДУИ потврди дека барањето за предвремени
парламентарни избори служи само за да се прикрие стравот од правосудна
одговорност за криминалот.

ДУИ би сакале наместо одговорност за крадењето, повторно да си тераат
изборна кампања. Тоа нема да се случи. Сега ништо не зависи и не се
одлучува од ДУИ.

ДУИ сеуште не разбрале дека за нивните водечки луѓе повеќе нема место ни на домашната, ни на меѓународната политичка сцена. Ќе разберат, ама до тогаш, она што остана од ДУИ дополнително ќе го уништат.

ДУИ се движи кон неизбежен политички крах на претстојните локални
избори, избирајќи да настапи со корумпираното и компромитирано
раководство кое е олицетворение на злоупотреба и лични интереси.

Со лица како Садула Дураку, Талат Џафери, Муса Џафери, Пуцко Петрол и
Блерим Беџети, кои се длабоко вмешани во сомнителни зделки и афери, а
дел од нив се и на црната листа на САД, ДУИ ја покажува својата целосна
ароганција, отсутност од реалноста, но пред се безобразност пред
граѓаните“, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО Вака се дивее низ скопските улици, каде е полицијата?

Следно

Трипуновски: Манифестацијата „Празијада“ е уште еден доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи

Latest from Blog

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop