Трипуновски: Манифестацијата „Празијада“ е уште еден доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи

November 3, 2024
1 min read

„Манифестацијата „Празијада“ е доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи, бидејќи ова парче земја ни нуди доволно сончеви денови, богата почва и чиста вода за да произведуваме. Градошорци е село кое е најголем производител на праз во државата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Преку овој настан се согледува и огромното значење за општина Василево, општината ги промовира карактеристиките и својствата на празот како здрав зеленчук, го доближува до граѓаните истовремено“, додаде тој.

Министерот Трипуновски посочи дека покрај промоцијата на празот, се овозможува на едно место да се соберат производителите, но и сите трговци, за да заедно најдат нови пазари за пласман на празот.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи и во иднина да поддржува вакви настани зашто преку нив се промовира локалниот туризам и производите кои се автентични за одредени делови на земјата“, нагласи министерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ: Не му е лесно на Ахмети кога разбира дека од САД се интересираат за трансакциите за фамилијарниот имот Соравија

Следно

46. Истанбулски маратон започна на азиска страна, заврши на европска страна

Latest from Blog

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа
Go toTop