Воздушната полиција на НАТО во состојба на готовност откако руски борбен авион се приближи до полски авион

May 9, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Воздушната полиција на НАТО e ставенa во состојба на висока готовност откако руски борбен авион се приближи до авион на полската гранична стража над Црното Море, објави денес полската агенција ПАП, пренесува Анадолу.

Полскиот екипаж, наводно, изгубил контрола над леталото за момент, но безбедно слетал, изјави портпаролката на полската гранична стража, Ана Михалска.

„Авионот безбедно слета на аеродромот ‘Михаил Когалничеану’ и никој од членовите на екипажот во авионот не е повреден како резултат на инцидентот“, рече таа.

На граничната стража е пресретнат авионот „Турболет Л-410“. Цитирајќи го соопштението од штабот на НАТО, ПАП објави дека на леталото во петокот трипати му пришол руски борбен авион, кој „извршил агресивни и опасни маневри“.

Авионот, во соработка со романските служби, извршувал рутински патролни мисии под покровителство на Фронтекс над Црно Море во меѓународниот воздушен простор. Инцидентот се случил околу 13:20 часот, 60 километри источно од романскиот воздушен простор.

Војниците на воздушната полиција на НАТО се ставени во зголемена состојба на готовност и се внимателни.

Министерството за национална одбрана на Романија извести дека „агресивните и опасните маневри“ што повеќепати ги изведувале ловците на Руската Федерација во близина на полскиот авион предизвикале големи турбуленции и тешкотии за контрола на авионот.

Два борбени авиона на романските воздухопловни сили и два на шпанското воено воздухопловство, кои оперираат под борбената служба на воздушната полиција, беа предупредени од Центарот за комбинирани воздушни операции на НАТО во Торехон. Беа подготвени да интервенираат во секое време, но се покажа дека нема потреба.

Полска, Шпанија и Шведска, исто така, учествуваат во операција за спречување илегална миграција, нелегален риболов, загадување на морето и други видови прекуграничен криминал во регионот на Црно Море. Операцијата „Западно Црно Море ММО“ се спроведува секоја година од 2019 година.

Михалска рече дека одлуки ќе бидат донесени по истрагата за инцидентот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган најави зголемување на платите во јавниот сектор за 45 отсто

Следно

Путин на воената парада во Москва: Украинците станаа заложници на западните интереси

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop