Воен хеликоптер падна на автопат во САД, загинаа две лица

February 16, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Воен хеликоптер од типот „Блек хок“ се урна вчера на автопат во американската сојузна држава Алабама. Во несреќата животот го загубија двајца припадници на Националната гарда на Тенеси, пренесува Анадолу.

Националната гарда на Тенеси соопшти дека хеликоптер од типот УХ-60 „Блек хок“ за време на тренажен лет се урнал околу 15:00 часот по локално време во близина на Автопатот 53 во Хантсвил.

„Длабоко сме тажни поради загубата на двајцата припадници на Националната гарда на Тенеси. Нашите молитви се со нивните семејства во текот на оваа голема трагедија“, изјави бригадирот Варнер Рос.

Започната е истрага за да се утврдат околностите на несреќата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во донаторска кампања „Туркије, едно срце“ собрани 5,7 милијарди евра

Следно

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер ја погоди Хрватска

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

  Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот
Go toTop