Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување

December 2, 2023
1 min read

реклама


 Во Струмица стапуваат на сила мерките за надминат праг на аерозагадување, бидејки два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мерењата од станицата на МЖСПП покажале дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрограми на метар кубен кој согласно регулативата два последователни денови изнесувал над 150 mg/m3, а врз одлуката на министерството влијаела и временската прогноза на УХМР.

реклама

Имено, завчера во Струмица се измерени 156,12, а вчера 236,99 микрограми на метар кубен. Затоа, МЖСПП во соработка со Министерството за здравство препорачува за градот Струмица да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Потоа, се препорачува работодавците да го реорганизраат работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

реклама

Освен тоа, Општината треба да обезбеди услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, а од Владата се бара да преземат повеќе мерки кои се во нејзина ингеренција, меѓу кои и зачестени контроли на инсталациите за испуштањето дозволена количина емисии во воздух. 

реклама

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изложбата „Мозаици” по повод 50 години творештво на академик Газанфер Бајрам вечерва во Битола

Следно

ПОЧИНА НЕКОГАШНИОТ ПЕЈАЧ НА „ПОУГС“, ШЕЈН МЕКГОУЕН

Latest from Blog

КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА ЗА ГАЛИЧКА СВАДБА – ЧУВАРОТ НА МАКЕДОНСКАТА ТРАДИЦИЈА

Годинава, со особена чест, Касинос Австрија Интернешанал Македонија ја поддржа Галичка свадба – културно богатство кое ја чува душата на македонскиот народ. Од 11 до 13 јули, во срцето на мијачкиот крај,

Во Реал донеле одлука: Момчето од школата останува, заминува засилувањето од 72 милиони

Новинарот Жозеп Педрерол објави какви се плановите на „кралевите“ со Гонзало Гарсија и Ендрик, момчето од школата ќе продолжи со првиот тим додека пак засилувањето од 72 милиони евра ќе биде испратено

Сирија со регионална помош ги става под контрола шумските пожари во Латакија

СКОПЈЕ (АА) – Пожарникарските екипи во северозападната сириска покраина Латакија започнаа да ги ставаат под контрола обемните шумски пожари што беснеат од почетокот на месецот, соопштија официјалните власти, јавува Анадолу. Министерот за

Долги колони на граничниот премин Богородица

Голем метеж и долги колони возила се забележани денеска на граничниот премин Богородица, во правец кон Грција. Поради зголемениот број патници и туристи, чекањето на излез од државата се одвива со забавено
Go toTop