Во Русија приведена осомничена за убиството на воениот блогер Татарски

April 3, 2023
1 min read

Според првичните информации, експлозивната направа била скриена во минијатурна скулптура, а Трепова била таа која на Татарски му ја предала додека тој им се обраќал на група луѓе во кафуле

Службениците на Истражниот комитет ја приведоа Дарја Трепова, девојката осомничена за вмешаност во експлозијата во кафуле во Санкт Петербург и смртта на рускиот пропагандист Владлен Татарски, објави руската новинска агенција Тасс.

„Дарја Трепова е приведена од вработените во Рускиот истражен комитет, заедно со оперативните служби, поради сомневање дека учествувале во експлозијата во кафулето во Санкт Петербург“,

соопштија од одделението.

Владлен Татарски беше убиен во неделата во експлозија на бомба во кафуле во Санкт Петербург, а во експлозијата беа повредени повеќе од 30 луѓе.

Според прелиминарните податоци, експлозивната направа била скриена во минијатурна скулптура, а Трепова била таа која на Татарски му ја предала додека тој им се обраќал на група луѓе во кафуле.

Тасс пренесува дека во неделата вечерта органите на редот го претресле станот на Трепова во Санкт Петербург, каде што биле испрашувани нејзината мајка и нејзината сестра.

За разлика од многу други руски воени блогери и новинари на режимскиот Кремљ во Украина, Татарски носел оружје во борбени операции, јавува дописничката на Би-би-си за Русија, Олга Ившина.

Тој зборуваше од фронтот во Украина, а стана познат минатата година откако објави видео снимено во Кремљ, во кое вели: „Ќе ги победиме сите, ќе ги убиеме сите, ќе го ограбиме секој ако е потребно. Онака како што ни се допаѓа“.

Видеото е снимено на церемонијата во Кремљ, чиј домаќин беше рускиот претседател Владимир Путин, кој најави анексија на четири делумно окупирани региони на Украина, потег што наиде на меѓународна осуда.

Кафулето во кое беше убиен Татарски претходно беше во сопственост на основачот на злогласната руска платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Рускиот блогер на апликацијата Телеграм го следеле повеќе од 560 000 луѓе. Иако ја поддржуваше руската инвазија на Украина, тој критикуваше некои аспекти од руската војна.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Комунална хигиена“ со засилени активности за време на викендот

Следно

Обработени 96 отсто од гласањето: ГЕРБ води, 6 партии влегуваат во парламентот

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,

ЈКП Комуналец – Прилеп: Големиот пожар во Алинци целосно изгаснат по интензивна акција

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат. Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува
Go toTop