Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

March 20, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски.

KfW е еден од клучните партнери на Македонија за реализација на проекти кои придонесуваат за стабилен и модерен енергетски систем. На средбата се дискутираа конкретни инвестиции, меѓу кои втората фаза на ветерниот парк Богданци, енергетските проекти во Битола и нови проекти во обновливи извори.

Овие проекти имаат директно влијание врз зајакнувањето на енергетската независност на државата и обезбедуваат долгорочна сигурност. Божиновска истакна дека соработката со KfW ќе продолжи со засилен интензитет, со цел забрзана енергетска транзиција, модерна инфраструктура и систем усогласен со европските стандарди.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран нападна цели во соседните земји

Следно

OBRM-PDUKM: LSM po i shërben LSDM-së, në vend që të mbrojë interesat e punëtorëve

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop