Во Охридско летово ќе работат над 1.000 Непалци, Филипинци…

February 24, 2024
1 min read

Повеќе од 1.000 готвачи, келнери, шанкери, собарки и друг помошен персонал од Непал, Филипини и Малта ова лето ќе дојдат да работата на Охридско-струшкото крајбрежје. Нема ресторан или хотел кој не е во потрага по работници од трети држави за да го надополнат недостигот на кадар. Проблемот почна да се појавува последниве неколку години откако локалниот персонал масовно почна да заминува на работа во Хрватска за повисоки плати.

„Околу 1.100 вработени ќе има на цела Охридска ривиера со веќе завршени процедури и треба да дојдат. Кога правите споредба платата што би ја дале на овдешен работник и на некој од Непал, не ви доаѓа поефтино да ги платите овдешните работници? Ние им ја даваме истата плата, дури и повеќе, но кај нас има некој тренд за заминување на децава со некои други надежи. Инаку платите се солидни“, рече Муса Рашид- сопственик на хотел во Охрид.

Само во хотелот на Рашид од први мај со работа ќе почнат 18 лица од овие далечни држави. Сите неопходни процедури се веќе завршени.

„Ние мора да бараме варијанти и најдовме варијанта од Непал, Филипини и Малта работници и доаѓаат да работат кај нас. Почнуваме со 18 вработени од различна фела, кувари, помошници, келнери кои знаат јазик и се надеваме дека ќе имаме успешна сезона“, додаде тој.

„Тоа е неминовно. Ако имаме напуштање на работна сила, мора тоа од некаде да се пополни. Ние имаме огласи отворени никој не се јавува, не само ние, нема некој што денес не бара кувар, келнер, собарица, чистачка“, нагласи Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Оваа тура на странски работници ќе биде донесена со помош на агенција од Србија, која посредува при вработување на ваков кадар. Хотелиерите бараат државата да ја зголеми квотата за увоз на ваков кадар и да се поедностават процедурите за визи./Алсат.мк

Мики Трајковски

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Имаше неовластено снимање“ – реакција на полицискиот синдикат за Талат Џафери

Следно

Пожар избувна во огромна зграда во Кина, има 15 загинати, а сомнежот е дека се запалил електричен велосипед

Latest from Blog

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди
Go toTop