Во Њујорк вторпат отворена изложбата на фотографии од десеттото издание на „Istanbul Photo Awards“

November 8, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), повторно е отворена изложбата на фотографии од јубилејното десетто издание на „Istanbul Photo Awards“, меѓународен натпревар организиран од Агенција Анадолу.

Изложбата ја сочинуваат делата на сите фотографи што се наградени на годинашниот конкурс.

Првата ваква изложба се одржа на 15 октомври во кулата Туркеви во Њујорк, кога на отворањето присуствуваше и претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолу, Сердар Караѓоз.

Изложбата беше повторно отворена во Блу ​​Галерија на Менхетен, во присуство на многубројни дипломати и гости. Таа ќе биде отворена за посетителите до 12 ноември.

Посетителите на изложбата може да ги видат фотографиите од глобалната сцена и на различни теми – од израелските напади врз Палестина до земјотресот во Туркије наречен „катастрофа на векот“, од мексиканските криминални организации до бегалските кампови во Авганистан, од употребата на пластика во Нигерија до живеалиштата на слонови претворени во депонии во Шри Ланка, од Светското првенство во пливање во Јапонија до тенискиот турнир во Вимблдон, од дискриминацијата во Индија до мигрантите што ги загубија животите во водите на Шпанија.

Оваа година на натпреварот пристигнаа повеќе од 20.000 фотографии за категориите единечни и серија фотографии од областа на вестите, спортот, животната средина, портретот и секојдневниот живот. Вкупно 32 фотографи освоија награди во десет категории.

Годинашниот натпревар беше поддржан од спонзорите Турксел како комуникациски партнер, Сони како спонзор на наградите, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) како спонзор на меѓународните настани и Туркиш ерлајнс (THY) како спонзор-авиокомпанија.

Информации за наградените фотографии може да се најдат на страницата „istanbulphotoawards.com“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ апелира: Граѓаните да пријават пронајдени угинати водни птици!

Следно

Ердоган: Соработката меѓу Туркије и САД клучна за решавање на глобалните конфликти

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop