ВО МСУ СКОПЈЕ СЕ ОТВОРА ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА ЗА КУЛТУРНАТА ВАЖНОСТ НА ТЕКСТИЛОТ

May 28, 2024
1 min read

Патувачката изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ ќе се отвори вечерва во 20 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје. Изложбата ја организираат Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ, а куратори се: Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.

Вечерва во 19:30 часот, пред официјалното отворање, кустосот Бојана Јанева со дел од присутните уметници ќе разговара за концептот на поставката пред публиката.

Уметници чии дела ќе бидат изложени се: Ула вон Брандеребург, Кристина Божурска, Јане Чаловски и Христина Иваноска, Ноа Ешкол, Андреас Екнер, Ули Фишер, Зиле Хома Хамид, Хајде Хинрикс, Олаф Холзафел, Криста Џетнер, Елиза ван Јоолен и Винсент Вулзма, Јован Јосифовски, Ева Мајр и Еран Шаерф, Карен Мишелсен Кастанон, Џудит Раум, Франц Ерхард Валтер, Зорица Зафировска и Клелија Живковиќ; заедно со инсталацијата „Простор Баухаус“, визуелна архива за историјата на работилницата за ткаење во комплексот Баухаус Десау и Вајмар (уметничко истражување: Џудит Раум; дизајн: Јакоб Кирш; архитектура: С.Т.И.Ф.Ф.) и уметнички дела од уметниците застапени во Колекцијата на МСУ-Скопје: Соња Димитрова, Димче Коцо, Јоланта Овидска, Исмет Рамичевиќ, Лиза Рехштеинер, Мира Спировска, Душко Стојановски, Патриција Веласко Уалин.

Текстилот е во основата на патувачката изложба организирана од ИФА, со фокус на прашањата: „Кои значења и пораки се својствени за ткаенините?“, „Каква е нивната културна важност?“, „На кој начин можат да се ‘прочитаат’?“, „Што пренесуваат ткаенините за нивното потекло, значења и општествени улоги?“ и „Кои традиционални текстилни техники уметниците ги апроприираат, издвојуваат, релоцираат и враќаат во живот?“.

Изложбата ги истакнува бројните комплексни начини на работа со текстил на уметниците – учесници. Личните и естетските наративи се поврзани со општествените и економските конфигурации во глобалниот свет.

„Делата од колекцијата на МСУ – Скопје, пак, во овој контекст се изложени, не само како сведоштва за живите искуства и сеќавања произлезени од земјотресот, туку и како силен потсетник денес за потребата од прекинатите нишки на глобални мрежи на поддршка и емпатија кои трагичниот настан на лична и колективна загуба го трансформираат во модел на транснационална солидарност“, вели кураторката Попова.

Изложбата е поддржана од Германската амбасада и Гете институтот во Македонија, а ќе трае до 2 септември.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од Ѓорче Петров и Шуто Оризари без струја

Следно

Роналдо нов рекордер во саудиската лига по голови во една сезона

Latest from Blog

Николоски: Свлечиштата повеќе нема да бидат закана за автопатот Охрид-Кичево

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево силно напредува, а проектот се очекува да биде завршен кон крајот на 2026 година, согласно предвидената динамика, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој

Битола испрати порака за почиста животна средина преку „Генералка Викенд“

И во Општина Битола се реализираше една од најмасовните акции во државата „Генералка Викенд“. Вклучени беа основни и средни училишта, градинки, здруженија, културно уметничко друштво, средношколски дом, а се чистеа и 12

Комуналец-Прилеп повторно ја чисти дивата депонија кај Вештачкото езеро

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика
Go toTop