Во Конгресот започна истрага за повлекувањето на САД од Авганистан

March 12, 2023
1 min read

Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на САД почна истрага за одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од Авганистан во август 2021 година. Експертите за имиграција и американски војници кои учествуваа во евакуацијата сведочеа дека хаотичното повлекување е резултат на децениски погрешни одлуки, јавија американски медиуми.

„Поради занемарување на должноста на администрацијата на Бајден, светот гледаше како се одвиваат потресни сцени во и околу аеродромот во Кабул две недели“, рече Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешна политика.

Републиканците во Конгресот ги истражуваат настаните од август 2021 година, а демократите тврдат дека претходните администрации се одговорни за хаотичното повлекување.

Конгресот, исто така, се прашува зошто обработката на визите е запрена за десетици илјади Авганистанци на кои им беше ветена безбедност во замена за помош за американските сили.

Околу 122.000 луѓе на крајот беа пренесени со авиони надвор од Авганистан во два дена пред талибанците да ја преземат власта. Сепак, имиграцискиот статус на Авганистанците кои успеале да дојдат во САД се уште е неизвесен, а десетици илјади се уште се во Авганистан.

Американските војници, исто така, сведочеа дека нејасните правила на ангажман ги оставиле без одбрана на аеродромот во Кабул и процениле дека тоа на крајот довело до бомбашкиот напад на 26 август 2021 година, во кој загинаа 173 луѓе, вклучително и 13 американски војници, што беше најсмртоносниот ден за Американците во Авганистан во претходните 10 години.

Членовите на Конгресот најавија дека американскиот државен секретар и секретар за одбрана наскоро ќе бидат повикани да сведочат за улогата на нивните секретаријати во евакуацијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едно лице загина во верижниот судир во Унгарија – полицијата го пронашла под опожарен автомобил

Следно

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop