Во Кина се одржа состанок на министрите за надворешни работи на Иран и Саудиска Арабија

April 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Шефовите на дипломатиите на Саудиска Арабија и Иран се состанаа денес во Пекинг, првпат по повеќе од седум години, објавија кинеските државни медиуми, пренесува Анадолу.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан ал Сауд, се состана со неговиот ирански колега Хусеин Амир-Абдолахиан денес во Пекинг, објави кинеската телевизија ЦГТН.

Состанокот се случи откако Ријад и Техеран минатиот месец ненадејно најавија обновување на дипломатските односи, со посредство на Кина.

Се очекува двете држави повторно да ги отворат амбасадите во главните градови до наредниот месец.

Иран и Саудиска Арабија ги прекинаа своите односи откако демонстранти, во јануари 2016 година, упаднаа во Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран по егзекуцијата на водачот на шиитските муслимани Нимр ал-Нимр.

Од април 2021 година двете страни беа ангажирани во маратонски разговори олеснети од Багдад и Мускат, но кинеската интервенција беше таа што резултираше со пробив минатиот месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Три лица загинаа, а 19 се повредени при превртување на патнички автобус во Кајсери

Следно

Бесплатни совети и поддршка за жртвите на семејно насилство од Ѓорче Петров

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop