Во Каиро продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

March 3, 2024
1 min read

Преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа продолжуваат денеска во Каиро, јави египетската станица „Ал Кахера њуз“, повикувајќи се на официјален извор.

Како што пренесе Анадолија, изворот рекол дека во тек се интензивни напори за постигнување договор пред муслиманскиот свет месец Рамазан.

Има значителен напредок во преговорите и се бара фер договор, рекол упатениот извор.

Неименуван висок претставник на американската влада вчера соопшти дека Израел се согласил на рамковен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелски заложници кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас.

Функционерот додал дека сега се зависи од согласноста на исламистичката група.

Израелската страна „генерално“ го прифатила предлогот, кој вклучува шестнеделно примирје во Газа, како и ослободување на поранливите заложници од оние што моментално ги држи Хамас. Се мисли на луѓе кои се болни или повредени, како и постари лица и жени.

– Израелците во основа ги потпишаа точките од договорот, изјавил претставникот на администрацијата на Џо Бајден. „Сега топката е во теренот на Хамас и ние продолжуваме да инсистираме максимално (за согласност од групата)“, додаде тој.

– Заложниците треба да бидат ослободени, изјави претставникот за новинарите во конференциска сала во Вашингтон

– Договор, во основа, има. Но, не сакам да создавам очекувања на овој или оној начин, нагласи тој.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Црвеното море пред еколошка катастрофа поради бродот што го потонаа Хутите – превезувал ѓубриво

Следно

Пронајдена дрога при претреси во затворот во Прилеп и во викенд-куќа, приведено едно лице

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop