Во израелските напади врз Појасот Газа досега загинаа над 3.000 ученици

November 20, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Повеќе од 3.000 ученици се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, објави денес палестинското Министерство за образование, пренесува Анадолу.

„Во израелските напади загинаа повеќе од 5.000 деца, вклучително и повеќе од 3.000 ученици“, се вели во соопштението на Министерството за Светскиот ден на детето.

Се додава дека најмалку 23 ученици биле убиени и на окупираниот Западен Брег.

Министерството ги повика сите организации за правата на децата „да преземат одговорност за спротивставување на израелските прекршувања на правата и ставање крај на нивните злосторства“.

„Сцените на убиените деца и ученици во Појасот Газа ги прекршуваат сите меѓународни норми“, соопшти Министерството, додавајќи дека тоа „го открива менталитетот на окупацијата и нејзиното континуирано нишанење на образовните институции“.

Најмалку 13.000 Палестинци загинаа, меѓу кои 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 луѓе се повредени откако Израел почна да го бомбардира Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Илјадници згради, вклучително болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз опколената енклава.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Европски плати и за вас и за нас“: Вработените во судската администрација и денеска излегоа на улица

Следно

Левица: Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии

Latest from Blog

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Десничарската Ликуд на

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на

ВМРО-ДПМНЕ го осуди сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар. Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Go toTop