Во израелските напади врз Газа убиени уште 24 Палестинци, билансот порасна на 41.455

September 23, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Во нападите на израелската војска врз Појасот Газа убиени се уште 24 Палестинци, со што вкупниот број на убиени Палестинци од минатиот октомври порасна на 41.455, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека од октомври минатата година во нападите се повредени најмалку 95.878 Палестинци.

„Израелските сили убија 24 лица и повредија 60 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се нагласува.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот. Нападите започнаа по упадот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври.

Израелската офанзива го принуди на раселување речиси целото население на Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Владата дава целосна поддршката за негување на лингвистичките идентитети

Следно

Наградената новинарка Моири: „Istanbul Photo Awards“ е еден од добрите натпревари за новинари

Latest from Blog

Општина Битола обезбеди 300.000 денари за субвенции за возачки испит

Општина Битола објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош од 6.000 денари за млади лица кои поради привремениот прекин на работата на Испитниот центар во Битола биле принудени да полагаат возачки

Божиновска: Еднаквите можности почнуваат со работна средина што ги поддржува жените

Работната средина треба да им овозможи на жените да напредуваат во кариерата без да се откажуваат од семејниот и личниот живот, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Коњановски: Околу 15.000 евра проценета годишна заштеда од првата фаза на „Сончеви училишта“

Фотонапонска централа со инсталирана моќност од 40 киловати е поставена во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Централата беше технички прегледана и предадена во рамките на проектот „Сончеви училишта“, кој со анекс

Костовски: Засилени инспекциски контроли во Бутел, на удар објектите со сомнежи за законски прекршувања и непрописното паркирање

Општина Бутел започна со засилени инспекциски контроли на целата своја територија, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Веста ја соопшти градоначалникот на Општина Бутел,

Божиновска: Ќе ја зајакнеме соработката со ФЕИТ за младите инженери да стекнат практично искуство

Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посетија Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, каде што со министерката Сања Божиновска разговараа за енергетската сигурност, обновливите извори и енергетската
Go toTop