1008 Лидс – Манчестер јунајтед (15 ч.)
Манчестер јунајтед го има најлошиот старт во последните 40 години. Само шест бодови од шест меча е знач дека кај Црвените ѓаволи работите не се добри, па тоа ќе се обиде да го искористи Лидс. Лоша е одбраната на Манчестер и прими дури девет гола (1,5 примени гола по меч).
Лидс на свој терен сезонава е со победа и две реми, а тимот има само еден пораз сезонава, што само потврдува дека се работи за цврст состав. Минатата сезона Лидс дома одигра 1:1 против Манчестер, а на „Олд Трафорд“ го победи со 2:1.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.12)
1709 Лион – Ница (20:45 ч.)
Се очекува интересен меч, иако Лион секако е фаворит пред своите навивачи. Со само четири примени гола во шест средби. Лион ја има најдобрата одбрана во лигата, додека Ница со само пет дадени погодоци го има третиот најслаб напад.
Лион има четири победи во последните пет пресметки со овој ривал и тоа најчесто се дуели со два или повеќе погодоци.
Предлог тип: 1&3+ (2.60)
3005 Фиорентина – Комо (15 ч.)
Комо најави дека сезонава ќе атакува кон врвот, но во последните две кола освои само еден бод, што значи дека веќе нема право на кикс. Гостите се уморни затоа што играат и Лига на шампиони, додека Фиорентина имаше цела недела за подготовка за овој дуел.
Неверојатна е статистиката која вели дека на последните пет пресметки на овие ривали, секогаш победувал гостинот, па така Комо има три победи по ред во Фиренца, а на крајот секогаш имало два или повеќе голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)
1808 Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм (17:30 ч.)
Дуел на двете најслаби екипи во Бундеслигата. Борусија е без ниту еден бод од пет меча, а Хофенхајм има само една победа и четири порази, па е едно место над фенерџијата. Двете екипи имаат многу слаби дефанзивни линии, а неверојатна е традицијата кога играат меѓусебе, која најавува „дожд од голови“.
На последните 15 меѓусебни пресметки, дури 13 пати двата тима постигнувале погодок, а 13 пати било и со барем три погодоци, но не треба да се заборават и голеадите со по осум, седум и шест гола.
Предлог тип: ГГ4+ (2.11)
1309 Реал Мадрид – Севилја (21 ч.)
Нема дилема дека Реал е голем фаворит, иако на табелата овие два тима се еден до друг. Офанзивата ги крати двете екипи, но кога играат меѓусебе, на пет од последните шест дуели немало повеќе од два гола, што значи дека се игра цврсто и неизвесно.
Реал доминира со 13 победи и само две нерешени во последните 15 пресметки со Севилја и таа доминација треба да продолжи и сега.
Предлог тип: 1&2-4 (2.04)
Извор: sportmanija.mk


