Во ЕУ употребата на гас намалена за речиси 20 проценти

February 21, 2023
1 min read

Во земјите од Европската унија потрошувачката на гас е намалена во втората половина од минатата година, поради невообичаено топлото време, скокот на цените што го намали индустриското производство, како и воведувањето на вонредни мерки за сузбивање на енергетската криза, соопшти денеска Евростат.

Вкупната потрошувачка на гас во ЕУ е намалена за 19,3 отсто од август до јануари во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците на Евростат.

Русија, како најголем снабдувач на ЕУ со гас, го прекина најголемиот дел од своите испораки по почетокот на војната во Украина минатата година, што доведе до енергетска криза во Европа, намалени испораки и рекордно високи цени.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски со благодарност до Бајден за поддршката кон Украина: Moра да обезбедиме победа оваа година

Следно

ВИДЕО: Лице со посебни потреби оставено на клупа во Скопје: По лекарска интервенција никој не го вратил дома

Latest from Blog

Честитка од Проданоски за Денот на полицијата: Мирот и безбедноста се приоритет

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети Одделението за внатрешни работи – ОВР Прилеп, каде лично им го честиташе празникот на полициските

Шилегов: „Предметот ‘Пулс’ ќе трае најмалку уште седум години“

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој е дел од одбраната во случајот „Пулс“, во интервју за „Фокус“ упати сериозни критики кон обвинителниот акт, оценувајќи дека е правно неиздржан, преобемен и поставен на
Go toTop