Во Белгија уапсени четири лица осомничени за планирање терористички напад

March 3, 2024
1 min read

Белгиската полиција утрово изврши претреси на локации во четири градови во Белгија и уапси четири лица, од кои тројца малолетници, осомничени за поврзаност со исламистички екстремистички организации и за планирање терористички напад. 

Како што јави белгиската државна телевизија РТБФ, при претресите, извршени на локации во градовите Брисел, Нинове, Шарлроа и Лиеж, не се пронајдени оружје или експлозив. 

Телевизијата посочува дека „антитерористичката операција“ е спроведена врз основа на истрага со која биле опфатени лица кои се сметаат за „потенцијално насилни“ и кои се поврзани со екстремистички групи. 

Портпаролот на белгиското Федерално јавно обвинителство, Ерик Ван Дер Сипт во изјава за интернет изданието ХЛН нагласи дека истрагата покажала оти приведените планирале да извршат терористички напад. 

– Плановите се уште не се многу конкретни, но сепак се доволно сериозни за да ги уапсиме и сослушаме, додаде Ван Дер Сипт. 

Во тек е сослушување на приведените од страна на полицијата, по што истражен судија во текот на денот или најдоцна утре ќе донесе одлука за евентуална понатамошна постапка против нив. 

Инаку, тројцата уапсени малолетници се од градовите Нинове, Брисел и Шарлроа, додека возрасната личност е од Лиеж. 

При вооружен напад од страна на туниски имигрант во Брисел лани во октомври беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи. 

Белгиските безбедносни служби се под зголемено ниво на внимателност по терористичките напади на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем и на метро страница Мaлбек во центарот на Брисел во 2016 година, при што загинаа 32 лица.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Едно од најголемите дела на Мимар Синан: Реставрацијата на џамијата Селимије ќе заврши следната година

Следно

Од утре попладне обилни врнежи со локално невреме, снег на планините и пад на температурата

Latest from Blog

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the

Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството
Go toTop