ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ целосно ги промашила проценките за економијата и сега наместо раст Владата враќа нивни долгови, неспособноста завршува со нив!

October 12, 2024
1 min read

За да видиме каде сме, треба да знаеме од што почнавме или што ни остави претходната влада предводена од СДС и ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Реалноста покажува дека СДС и ДУИ ни оставија институции кои тонат во корупција и криминал, нереално проектиран буџет, нереално проектиран раст.

СДС и ДУИ планирале буџет за половина година, а не за текот на цела 2024 година што значи на новата Влада не и оставија никаков простор за маневар.

83 милиони евра од Буџетот ќе се потрошат за отплата на кредитите кон странство што претходната влада на СДС и ДУИ заедно со директорите ги направиле преку јавните претпријатија како Државни патишта, Железници, ЈСП, ЕСМ кои не се во состојба да ги исплаќаат, а за истите се издадени државни гаранции.

И не само ова, туку претходната влада ан СДС и ДУИ целосно ги утнала проценките за раст на економијата кога го креирала Буџетот. Оттука, растот кој сега се очекува не 3,4 проценти, туку 2.1 процент.

Ваква Македонија наследивме. Ова ќе го смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрага против 52-годишен дилер на дрога и психотропни супстанции во Скопје

Следно

Во израелски напад во јужен Либан срамнета зграда, Хезболах возвраќа со ракетен оган

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.997,17 поени. Во однос
Go toTop