ВМРО-ДПМНЕ: Tеглите загаден воздух со кои СДС како опозиција протестираше нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада, потребна е итна владина стратегија

January 11, 2023
1 min read

Теглите со кои СДС како опозиција протестираше пред владата нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада која не мрда со прст за справување со загадениот воздух, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мерките кои СДС ги предложи за големото загадување на воздухот во Скопје се гол популизами и шминка. Барањето на СДС на вондредна седница на Советот е замајување на јавноста, дека нешто предлагаат. СДС забораваат дека веќе 7 години се власт во државата, а за животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот со прст немаат мрднато. Итно е потребна владина стратегија за справување со загадениот воздух и институционална мобилизација. Веднаш се потребни итни владини мерки. Без ниту еден капитален проект, ниту еден денар од енормно големите буџети потрошени за поквалитетен живот на граѓаните. Наместо да ја замајуваат јавноста, СДС нека и наредат на Арсовска, на тајните средби кои ги има со Ковачевски, нека почне да си ја работи работата за која е избрана, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Арсовска и СДС додека кројат планови како да наместат некој тендер повеќе во ЈСП, нека му наредедат на директорот на ЈСП од редовите на СДС да пушти во функција повеќе градски автобуси во редовните линии.

-Додека советниците на СДС тераат циркус и гол популизам скопјани се гушат, а Арсовска, СДС, ДУИ и Левица си ги полнат џебовите, стои во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најмалку шест повредени во напад на железничка станица во Париз

Следно

Советот на Општина Аеродром донесе одлука, отворен патот за нови капитални инвестиции во општината

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop