ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

November 25, 2026
3 mins read

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција.

„Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената употреба на албанскиот јазик, е само пропаганден памфлет. Неговата цел е да ја зголеми конфузијата и да ги продлабочи поделбите и нејаснотиите кај граѓаните во врска со службената употреба на албанскиот јазик.

Почитуван г-дине Ахмети,

Во 2008, 2011 и 2018 година, во три владини мандати, еднаш со ВМРО, а еднаш со СДСМ, Вие и партијата што ја водите усвоивте три различни закони за албанскиот јазик. Еднаш го нарековте „јазик на 20-те проценти“, а друг пат јазик објаснет во фуснота и во загради. Еднаш дури направивте збир на одредби од неколку различни закони што се однесуваат на употребата на јазикот и ги препишавте во еден единствен текст, кој го крстивте „Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од населението на државата“. Овој закон го усвоивте во летото 2008 година, по скратена постапка во Собранието, без дебата и без расправа на пленарна седница, без ниту еден амандман и без да се вградат забелешки за законот да се подобри. Тивко, како од срам, го прошверцувавте законот за албанскиот јазик, токму оној закон за кој денес зборувате со толкав жар!

Во годините на владеење на партијата што ја водите, години за кои зборувате со голема носталгија, што е и разбирливо, една вистина сепак останува неоспорна: Вие никогаш не успеавте албанскиот јазик да го направите целосно рамноправен со македонскиот јазик на институционално ниво! Манипулацијата со албанскиот јазик, како најважен идентитетски симбол на Албанците, Ви обезбеди долго владеење, а последиците од половичните решенија ги чувствуваме секој ден денес.

Во годините на власт, Вашиот омилен говор беше оној за компромисите. Така, секогаш кога се проблематизираа решенијата што требаше да произлезат од Охридскиот договор, Вашата интервенција беше да објасните дека „станува збор за компромис меѓу страните“. На тој начин, на Албанците редовно им се велеше дека сезонските закони за употреба на јазикот се „добар компромис“ и дека „компромисите никогаш не се апсолутно задоволителни за ниту една страна“. Во еден момент дури изјавивте и дека „албанскиот јазик и неговата службена употреба не се приоритет за решавање“! Како последица на тоа, во области од суштинско значење, како што се правосудството и правната практика, албанскиот јазик остана без решение. Денес албанскиот јазик не е службен ниту во банките, ниту во армијата, ниту во полицијата.

Г-дине Ахмети,

Овие денови се актуелни судењата за злоупотреба на службената положба на Вашите најблиски партиски соработници. Се поставува прашањето: ако, како што тврдите Вие, албанскиот јазик е службен во судската практика, тогаш зошто Вашите соработници зборуваат македонски на судските седници?!

А Вашите внуци бизнисмени, веќе познати по своите бројни бизниси во енергетиката и во други профитабилни области, дали некогаш разговарале со Вас и дали Ве известиле дека во Централниот регистар, каде што ги регистрираат своите бројни компании, целата документација се издава САМО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК?! Вашите роднини многу добро знаат дека албанскиот јазик воопшто не е службен во оваа важна државна институција, бидејќи Вашиот закон за албанскиот јазик не ги обврзува на тоа. Но, можеби внуците моментално имаат други приоритети во животот и немаат време да се занимаваат со „фолклорни прашања, какво што е албанскиот јазик“?!

За жал, г-дине Ахмети, решението од 2019 година ја прави примената на албанскиот јазик во институциите доброволна, а не задолжителна, што значи не и службена. Затоа денес НИТУ ЕДНА банка во Северна Македонија не дозволува кореспонденција на друг јазик освен на македонски. Ова не важи само за комерцијалните банки како приватни субјекти, туку е вистина и за Народната банка, како врвен банкарски авторитет на државата! Се разбира, додека Вашиот министер за финансии беше зафатен со тоа да не прави ништо во Министерството и да работи само за да си ја зачува фотелјата, Народната банка не се чувствуваше обврзана на кој било начин да ја промени јазичната политика во својата практика!

Албанскиот јазик, почитуван г-дине Ахмети, не е службен ниту на полициските униформи, ниту на армиските. Не е службен ниту во медицинските документи, како што се упатствата, потврдите и другите обрасци што ги издаваат здравствените установи. Албанскиот јазик не е службен ниту кај адвокатите, ниту кај нотарите, ниту кај извршителите! И оваа горчлива вистина е последица на Законот за употреба на албанскиот јазик, кој го усвоивте Вие и Вашата партија, ДУИ!

И тоа е разбирливо: можеби немате точни информации каков осакатен закон усвоил Вашиот „историски тим на министри“ во Владата. Затоа што, наместо да работат на квалитетот на законите, тие, легендарните министри, времето го минуваа играјќи фудбал во канцелариите, додека на вистинскиот политички терен партнерите во власта им даваа голови еден по еден.

Ова се само некои од „успесите“ на Законот за албанскиот јазик според аршините на ДУИ. Жално е постојаното настојување да се прикаже искривена политичка и општествена реалност, затоа што тоа им служи на Вашите моментални политички интереси. Токсичниот јазик и непријателствата што ги поттикнувате не служат на нашата заедничка цел: да изградиме демократско, инклузивно, рамноправно и развиено општество, со еднакви можности за сите граѓани.

Можеби Вашата намера да го „браните“ албанскиот јазик би се сметала за искрена и вистинска доколку оваа кампања ја започневте со самокритика и со признание дека ниту еден од Вашите три закони за албанскиот јазик не го решил и не го решава целосно прашањето за службената употреба на нашиот убав јазик“, се наведува во одговорот на Влен, на писмото на Али Ахмети.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Latest from Blog

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози

Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за

МИЛИЈАРДИ ЕВРА, АМА СО УСЛОВ: Ова го бара Брисел од Балканците

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со претставници на земјите од Западен Балкан за да разговараат за

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион  долари. Голем дел од опремата се
Go toTop