Владата донесе одлука за замрзнување на цените на училишните производи – еве ја целосната листа 

September 3, 2024
1 min read

На 17-та седница на Владата, на предлог на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска беше усвоена одлуката која се однесува на замрзнување на цените на училишните продукти во период од 03.09.2024 до 20.10.2024 година.

Највисоката трговска маржа (добивка) за стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на големо е определена на вкупен износ до 5%, додека во трговијата на мало е определена на вкупен износ до 10%.

Со оваа мерка ќе се намалат и цените на училишните средства, со што ќе се намалат и трошоците за живот на граѓаните.

-Оваа одлука е донесена со цел да се даде поддршка на граѓаните. Министерството за економија и труд секогаш ќе биде покрај граѓаните за да се грижи за нив во тешките моменти, велат од министерството.

Целосната листа:

– Ранци и ташни
– Тетратки, блокови, нотеси, колажи
– Средства за пишување (моливи и пенкала)
– Дрвени боици
– Пластелин, теста за моделирање, подлоги
– Фломастери и маркери
– Мрсни боици
– Темперни, акрилни, водени бои и четки
– Линијари и дидактички материјали
– Острилки и гуми за бришење
– Детски ножици
– Футроли, етуи и училишни додатоци
– Лепак
– Шестари, дигитрони, компаси и лупи
– Чаши за прибор и држачи
– Украсна хартија
– Папки и картонски ташни
– Материјали за изработки

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подводна еко акција за чистење на Охридското Езеро кај Струга

Следно

Во израелскиот напад на Џенин ранети се четворица новинари

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop