Виолета Томовска осум часа била затрупана под урантините од скопскиот земјотрес, копала со раце за да се спаси

July 27, 2026
1 min read

Виолета Томовска едвај останала жива за време на скопскиот земјотрес во 1963. Фолк дивата осум часа била затрупана во урнатините заедно со својот братучед, познатиот музичар диригент и композитор Љупчо Мирковски.

Мирковски се присети на драматичните моменти што ги преживеал за време на катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, кога како петгодишно дете останал затрупан под урнатините заедно со својата братучетка, легендарната фолк-пејачка Виолета Томовска.

Во интервју за Викимедиа, Мирковски раскажува дека токму нејзината храброст и упорност им го спасиле животот.

„Осум часа со Виолета бевме затрупани под урнатините, и благодарение на неа сме живи. Често се сеќаваме на тие моменти кои засекогаш ни ги променија животите. Жив сум благодарение на неа и на нејзината храброст и упорност да нè извлече од урнатините“, вели Мирковски за Викимедиа.

Тој се присетува дека во моментот на земјотресот имал само пет години, додека Виолета Томовска имала 18 години. Таа, по потекло од Битола, тогаш учела средно училиште во Скопје, а вечерта пред земјотресот дошла на гости кај нивното семејство.
„Живеевме во зграда спроти стариот театар, кај Дрвениот мост. Виолета ми беше и ми остана како сестра. Толку многу ја сакав што инсистирав таа вечер да спијам во нејзиниот кревет. Кога се случи земјотресот, бев покрај неа. Нашата зграда се урна, имаше многу жртви, а многумина останаа затрупани под урнатините“, раскажува тој.

Мирковски открива дека речиси осум часа останале заробени под урнатините, а токму Томовска не се предала.
„Виолета со голи раце почна да копа по урнатините. Сакавме да стигнеме до светлина и да повикаме помош. Благодарение на нејзината упорност успеавме, луѓето ги слушнаа нашите повици, направија отвор и нè извлекоа. Немавме тешки повреди, а нашите најблиски беа пресреќни што нè видоа живи“, вели Мирковски.

Тој додава дека, иако тие преживеале, неговото семејство претрпело огромна трагедија. Во земјотресот животот го загубиле неговата вујна, како и вујко му, оперскиот пејач Благој Петров Караѓуле.

Минатата година семејството се собра да го прослави 80-тиот роденден на Виолета Томовска.

Како изненадување за 80. роденден на Виолета, семејството на легендарната пејачка сними нова верзија на песната „Молитва“, која ја пеат и свират сите музичари од нејзиното пошироко семејство.

Нејзината ќерка Невенка Росоманова, раскажа дека ја снимиле песната за три часа, а сите роднини кои живеат во Белград, Загреб и Чикаго веднаш прифатиле да учествуваат и им испратиле снимки. Во песната учествуваат легендарниот Славе Димитров, неговите синови Дарко и Оливер, Олгица Христовска, Маја Саздановска и други.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

Следно

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Latest from Blog

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по

Битката за албанскиот електорат: ВЛЕН во предност со 34%, ДУИ со 30% според анкетата „Стратум Р&Д“

Партијата ВЛЕН соопшти дека резултатите од ново истражување на јавното мислење покажуваат дека таа е најподдржувана политичка сила кај албанскиот електорат во Северна Македонија. Според анкетата спроведена во јуни од Институтот за
Go toTop