ВИДЕО: Вработените од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово на протест поради неисплатени плати

November 28, 2023
1 min read

реклама


Работниците во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ – работната единицата „Комунална хигиена“, денеска почнаа штрајк поради неисплатени повеќе плати и немање здравствено осигурување.

Работниците од прва смена, како и дел од другите смени, се собраа пред просториите на „Комунална хигиена“ и не отидоа на терен за да го собираат сметот од контејнерите.

реклама

„Се собравме денеска поради тоа што ни доцнат плати и немаме здравствено осигурување. Пред 40 дена сме зеле плата, а ни должат вкупно три или четири плати, зависи од работникот. Здравствено осигурување немаме веќе четири, пет месеци, одиме приватно, кој има пари ќе се лекува, кој нема ништо. Додека не дадат плата нема да се работи“, изјави работникот Кочо Трпевски.

Работниците се револтирани и велат дека нема да го собираат сметот, без разлика колку ќе се собере.

реклама

„Да ни се пуштат платите, три плати ни доцнат, ако не пуштат плата нема да излеземе на терен. Ќе седиме и ние три месеци, пет месеци. Не е ова прв пат. Секој месец се зајмуваме. Има над 120 работници. Ако нема плата нема собирање на сметот, нека биде што сака, до Бог нека се собере сметот. Секој месец вака. Само во Тетово е вака. Оди во Гостивар, Струга, каде што сакаш, имаат плати, само кај нас нема пари. Како може тоа“, вели Нусрет Бајрами.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Отруена сопругата на Буданов

Следно

Ученик убиен во пресметка со ножеви во средно училиште во САД

Latest from Blog

Македонската амбасада во ОАЕ со ВАЖНИ информации за евакуацијата на македонските државјани во Бахреин и Кувајт

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва излезе со известување со кое ги информира македонските државјани во Бахреин и Кувајт за времето и начинот на нивната евакуација. -Информација за македонските граѓани
Go toTop