(ВИДЕО) Протести во САД по објавувањето снимка од претепувањето на Тајр Николс

January 28, 2023
1 min read

Големи протести се одржуваат во градовите Мемфис, Њујорк и Лос Анџелес, а помали во главниот град Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта. Некаде е распоредена Националната гарда, некаде е запрен сообраќајот, а засега протестите се мирни

Во САД се одржуваат бројни протести по јавното објавување на видео снимки на кои се гледа како пет полицајци го тепаат Тајр Николс, кој почина три дена подоцна како резултат на повредите од тепањето.

Големи протести се одржуваат во градовите Мемфис, Њујорк и Лос Анџелес, а помали во главниот град Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта. Некаде е распоредена Националната гарда, некаде е запрен сообраќајот, а засега протестите се мирни. 

Во Мемфис, каде што почина Николс, група демонстранти се собраа во паркот во центарот на градот, а потоа излегоа на улиците, затворајќи го мостот над реката Мисисипи. Тие извикуваа „нема правда, нема мир“ и „правда за Тајр“, затворајќи го мостот речиси три часа пред мирно да се разотидат.

Протестот во центарот на Лос Анџелес станал тензичен кога група демонстранти се собрале пред седиштето на полицискиот оддел во Лос Анџелес, што било блокирано од полицијата.

Други мали, но главно мирни протести се одржаа и во Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта, како и во други градови.

Официјалните лица се подготвуваа за национални протести во деновите пред објавувањето на снимката. Антонио Романучи, адвокат кој го застапува семејството Николс, рече дека 29-годишникот бил третиран како „човечка пињата“.

Градот Мемфис објави видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс. На едно од видеата се гледа како полицајците го извлекуваат Николс од автомобилот додека тој вели дека не направил ништо и дека само сака да си оди дома. Потоа го фрлаат на земја, по што тој успева да се ослободи и пробува да побегне. Но, веднаш кон него тргнуваат полицајците, а еден од нив користи и тејзер. На друга снимка се гледа како полицајците го шутираат Николс додека тој во плач ја повикува својата мајка.

Дваесет и деветгодишниот афроамериканец Тајр Николс починал три дена подоцна како резултат на повредите од тепањето од полицајците.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тепачка во Центар: 72-годишник се степал со 53-годишен маж

Следно

Поради магла намалена видливост на Попова Шапка

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop