ВИДЕО: Масовни протести во Тирана, опозицијата бара техничка Влада

October 7, 2024
1 min read

Националниот протест што вечерва се одржува во Тирана, во организација на опозициските демократи, под мотото “Марширање кон Тирана – или сега или никогаш” главно минува во марширање, без обраќања, но не и без тензични моменти.

Учесниците во протестот кога стигнаа пред владата почнаа да фрлаат кон објектот со тврди предмети и молотови коктели од кое се запали дрво. Имаше и судир меѓу нив и полицијата, поради што мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување “Шќипоња”, по што ситуацијата се смири.

Протестот го предводеа генералниот секретар на партијата Фљамур Нока, координаторот на пратеничката група Газменд Барди и пратеници а им се придружи и лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на земјата Илир Мета.

Од пред владата минаа пред зградата на Парламентот, зградата на општина Тирана, покрај Врховниот суд па се до седиштето на Социјалистичката партија.

Токму тука беше најтензично, дојде до судир со полицијата при обид да влезат, беа одбиени по што почнаа да фрлаат пиротехнички средства и молотови коктели, изби пожар, што го зафати и големиот билборд со ликот на Еди Рама, интервенираше противпожарна единица а полицијата толпата ја разби со солзавец.

За безбедноста се ангажирани најмалку 1500 полициски службеници од неколку сектори, а на готовност беше и специјалната единица “Ренеа”. Владата, парламентот, општина Тирана, МВР, други институции и седиштето на владејачката Социјалистичка партија беа под силно полициско обезбедување.

Освен што носеа транспаренти, учесниците на протестот извикуваа “Рама оди си”, “техничка влада, техничка влада” “Сали Бериша”.

Попатно тие запалија и автобуска постројка а создадоа и хаос во сообраќајот, не дозволувајќи да се движат возилата.

Во изјава за медиумите Мета рече дека целта на вечерашниот протест е “уривање на режимот на нарко-државата и враќање на правдата”.

– Луѓето се повеќе од револтирани и нивната реакција е јасна и ќе продолжи и понатаму се до постигнување на целта, рече Мета.

Со вечерашниот протест опозицијата го означи почетокот на граѓанската непослушност.

Лидерот на демократите Сали Бериша, кој е во домашен притвор, преку социјалните мрежи, пред протестот, уште еднаш повика на масовност.

– Денеска е историски ден за сите. Денеска почнува нашето патување до победа. Сите заедно против нарко-владата, порача Бериша.

Протестот кој требаше да почне во 18 часот почна со задоцнување од половина час, а од пред 20 часот се одвива мирно само со марширање низ градот и извикување “Рама оди си”

Според организаторот на “протестот имало над 120 илјади народ од сите делови на земјата”.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протести во Тирана, молотови котели фрлени кон канцеларијата на Еди Рама

Следно

Временска прогноза за утре и следните денови

Latest from Blog

Привремената претседателка на Венецуела најави масовна амнестија

Во говорот пред Врховниот суд на Венецуела, на кој присуствуваа високи владини претставници, Делси Родригез рече дека ќе предложи „општ закон за амнестија што ќе го опфати целиот период на политичко насилство

Сахарска прашина од понеделникот е во офанзива низ Грција и Македонија

На 26 јануари густ облак од сахарска прашина се движеше кон север од Северна Африка, влијаејќи на квалитетот на воздухот низ големи делови од Балканот и југоисточните делови на Медитеранот. Оваа визуелизација

ФОТО РЕПОРТАЖА: Заборавено од институциите – Требиште во Голо Брдо со децении без основни услови за живот

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од

Проданоски на чествувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден. Заедно со бројни сограѓани,

ФОТО РЕПОРТАЖА: Тешки услови за живот на Македонците во Требиште, Голо Брдо

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од
Go toTop