(ВИДЕО) Кавга меѓу владици на МПЦ- ОА, за Петар во Бигорски има парацрква, Партениј обвинува дека тој шири омраза и поттикнува на линч

January 18, 2023
2 mins read

Според правните дефиниции, ваквиот настап на Митрополитот се толкува како говор на омраза и како поттик и повик за јавен линч – нешто што не му приличи на еден духовен водач и подлежи на кривична одговорност, велат од Братството

Братството на Бигорскиот манастир упати реакција на изјавите на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, кој вчера во гостување на Братството изјавите на г. Петар ги окаракатеризираа како клевети, неосновани тврдења и злонамерни инсинуации изнесени од страна на еден од митрополитите на МПЦ-ОА.

„Тој владика јавно злословеше дека Бигорскиот Манастир бил некаква си „парацрква“, притоа земајќи си слобода да критикува епископ и манастир што не се во негова надлежност – нешто што не е во согласност со црковните канони. Се разбира, оваа сериозна клевета нема ни трошка вистина во себе и вие тоа најдобро го знаете, бидејќи ние како монашка заедница сме нераскинлив дел од нашата најсвета Црква, на којашто доброволно сме ѝ ги посветиле своите животи во жртва и послушание“,

се вели во реакцијата.

БОГОСЛУЖБА НА ЕПИСКОПОТ ПАРТЕНИЈ ВО БИГОРСКИ МАНАСТИР (фото: Бигорски манастир)

Понатаму, додаваат од Братството на Бигорскиот манастир, тој владика инсинуира мислење дека ние сме небаре предавници и кривоверци, бидејќи, според неговите зборови, имало „проблем со парацрковната структура на Бигорскиот Манастир, кои и по националноста знаеме кај тргаат, и по нивната духовна ориентација и така натаму“.

„Во врска со ‘нашата духовна ориентација’, ќе ги потсетиме загрижените дека ние сме православна монашка заедница, која верува и ги исповеда догмите на едната, света, соборна и апостолска Црква, учењето на Светите Отци на Православната Црква и одлуките на Вселенските Собори. А во однос, пак, на нашата националност – иако и ова прашање влегува во делот од интимата на секоја личност – ние, сепак, за да нема дополнителни недоразбирања, јавно објавивме дека своето граѓанско право на изминатиот попис го исползувавме, за да ја декларираме својата македонска национална припадност“,

се нагласува во реакцијата.

Според правните дефиниции, додаваат од Братството, ваквиот настап на Митрополитот се толкува како говор на омраза и како поттик и повик за јавен линч – нешто што не му приличи на еден духовен водач и подлежи на кривична одговорност.

„Згора на сѐ, сметаме и дека ваквите повеќекратно изнесени невистини во јавниот дискурс, придонесуваат за создавање на неединство, конструираат дух на осуда – што не е прифатливо и е спротивно на православниот етос и значат неоснована деградација и дискриминација на нашите манастири пред јавноста, но се и повод за поделба и раскол меѓу верниците во Црквата“,

додаваат од Братството на Бигорскиот манастир.

БИГОРСКИ МАНАСТИР „СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ“ (фото: Бигорски манастир)

ШТО КАЖА ВЛАДИКАТА ПЕТАР ВО ГОСТУВАЊЕТО НА ТВ СОНЦЕ?

Во гостување на ТВ Сонце, вчера, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар рече дека во Бигорскиот манастир има парацрквена структура.

„Имаме парацрквена структура во Бигорскиот манастир на чело со епископот Партениј, кој презема ингеренции при мои како претседател на одборот за соработка со црквите православни и секако дека тоа прашање мора час поскоро да го поставиме на дневен ред на Синодот и да го решиме“,

рече г. Петар.

Тој додаде дека нема да дозволат да има парацрквена организација во лицето на епископот Партениј.

„Ние нема да дозволиме да имаме парацрквена организација во лицето на епископот Партениј заедно со структурите негови во Бигорски и заедно со монахињите таму кои мешетарат во мојата епархија. Јавно кажувам и им порачувам да се тргнат од мојата епархија и повеќе да не ми прават таму проблеми зашто сериозна е ситуацијата. А, за другите епархии нека си водат сметка надлежните архиереи. Ова е веќе сериозен проблем на нашата црква. Ние го решаваме проблемот со ПОА, а сега имаме поголем проблем со парацрковната структура на Бигорскиот манастир, кој и по националноста знаеме каде тргаат, и по нивната духовна ориентација“,

додаде г. Петар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Свечља: Србија го прекрши договорот за регистарски таблички

Следно

Архиепископот Стефан ќе го положи светиот крст во Вардар кај мостот „Слобода“

Latest from Blog

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

Коњановски од отворањето на БИТ ФЕСТ: Да ја славиме културата заедно со публиката и уметниците

Со мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, вечерва во преполната сала на Центарот за култура свечено беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола.

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои
Go toTop