(ВИДЕО) Какви се тенковите „абрамс“ – едно од најмоќните копнени оружја во американскиот арсенал

January 25, 2023
2 mins read

Американскиот „абрамс“ и германскиот „леопард“ всушност се близнаци, а главната разлика е во моторот, анализира уредникот на списанието „Брејкинг дифенс“

Фото: EPA-EFE/VALDA KALNINA

Најспособните тенкови во светот, но и исклучително сложени за ракување и одржување.

Вака денеска американскиот претседател Џо Бајден ги опиша тенковите „абрамс“ кои САД одлучија да ги испратат како помош за Украина, откако и Германија соопшти дека ќе испрати свои тенови „леопард 2“.

САД ќе испрат 31 тенк, а Бајден рече дека тоа е еквивалент на еден украински баталјон.

Станува збор за тенк кој претставува едно од најмоќните копнени оружја во американскиот арсенал. Способен е да им се доближи на непријателските тенови и други цели, да ги разнесе, а потоа побргу да се повлече. Тешкиот окоп го штити возилото и просторот каде се сместени војниците во него (предвиден за четиричлен екипаж) од отворен оган од мали оружја, од удари од фрагменти од гранати, а може да поминува и низ вода со длабочина од 1,2 метри.

„Основната мисија на тенковскиот вод е да се му се приближи на непријателот и да го уништи“,

пишува во документот од 2019 година наменет за обука за управување со овој тенк од страна на американската армија.

Тенкот името го добил по генералот Крејтон Абрамс, командант на единицата за тенкови од Втората светска војна.

Првиот „абрамс“ бил направен и ставен во служба во 1980 година. Од тогаш неколку пати бил наградуван.

Со текот на годините, Пентагон купил повеќе од 7 000 тенкови во различни конфигурации. „Абрамс“ прв пат бил употребен во акција во Заливската војна (воениот судир помеѓу Ирак и САД и партнерите во Персискиот Залив во 1990). Според извештајот на американската влада од 1992 година, тенкот добил големи пофалби од командантите и екипажите за неговата издржливост наспроти оние од другата страна.

Тенковите ѝ помогнаа на американската војска да ги совлада ирачките сили во Ирак во 2003 година, како и во операции на други места, а беа употребувани и во Авганистан во 2011 година.

Она за што војниците и воените планери изразуваат загриженост во однос на „абрамс“ е неговата огромна потрошувачка на гориво, ограничениот опсег на резервоарите, како и големата логистичка поддршка и одржувањето. На пример, за баталјон од 58 тенкови потребни се десетици возила за поддршка и стотици војници. Ова вклучува оклопни амбулантни возила, командни возила, камиони за одржување и за влечење тенкови, како и камиони кои би носеле гориво, муниција, моторно масло итн.

„Сè што е поврзано со тенк е тешко. Тенковски баталјон може да работи на терен само два или три дена без потреба од засилување од некој логистички баталјон“,

вели Ден Гразиер, поранешен офицер на американската армија.

Затоа, вели тој, не верува дека ќе им се направи услуга на Украинците ако им се дадат само тенкови, а не им се испрати сето она што е потребно од логистичка поддршка.

Иако се многу софистицирано и скапо оружје, „абрамс“ е тежок за одржување и претставува логистички предизвик бидејќи работи и на авионско гориво.

Уредникот на магазинот „Брејкинг дифенс“ Сиднеј Фридберг, вели дека германскиот „леопард“ и американскиот „абрамс“ се всушност близнаци.

„Тие се многу слични. Големи, тешки оклопни возила. Многу подобро заштитени од што било што создал Советскиот сојуз или што Русите имаат во моментов“,

вели Фридберг.

Главната разлика помеѓу двата тенка е моторот. „Леопард“ има мотор кој работи на дизел и е многу полесен за одржување и повеќе се користи во Европа, додека „абрамс“, пак, користи помоќни и покомплексни турбински мотори.

На прес-конференцијата денеска американскиот претседател, пак, вети дека ќе се даде сета потребна опрема за Украинците да може да ги одржуваат тенковите.

„На Украина и ги даваме деловите и опремата неопходни за ефикасно одржување на овие тенкови на бојното поле“,

рече Бајден.

За нивна испорака ќе биде потребно време, како што посочи, но нагласи оти САД ќе се погрижат украинските сили да бидат целосно подготвени да управуваат со тенковите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХЕЦ Св. Петка исклучена, ХЕЦ Козјак на минимум за да се намали нивото на Вардар

Следно

Бугарија ќе ги суспендира сите меѓудржавни проекти со Северна Македонија

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop