(Видео) АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА И СЕ ЗАБИ ВО АВТОМОБИЛИ – Има жртви и повредени

September 7, 2026
1 min read

Товарен авион на компанијата „Amazon Air“ излета од пистата при обид за слетување на меѓународниот аеродром во Мајами и удри во неколку возила, при што загинаа пет лица, а уште петмина се тешко повредени, пренесува „BBC“.

Авионот „Boeing 767-300“ се урна нешто пред 14 часот по локално време, по полетувањето од меѓународниот аеродром „Luis Muñoz Marín“ во Сан Хуан. Од „Amazon“ соопштија дека тесно соработуваат со локалните власти и официјалните лица за точно да се утврди што се случило, додека Федералната управа за авијација (FAA) нареди обустава на сите летови додека противпожарните екипи брзаа кон местото на несреќата.

„Скршени сме од веста дека пет лица го загубија животот во денешниот инцидент на меѓународниот аеродром во Мајами. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата, саканите и сите погодени од оваа разорна загуба. Авионот, со кој управуваше компанијата ’21 Air’, се обидуваше да слетува кога се случи инцидентот. Тесно соработуваме со локалните власти и официјалните лица за да дознаеме повеќе и целосно ќе соработуваме во секоја истрага“, изјави Кели Нантел, директорка за односи со медиумите во „Amazon“.

„Најмалку пет лица го загубија животот, а уште петмина се повредени“, изјави градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава, додавајќи дека спасувачките екипи пристигнале на местото на несреќата за само неколку секунди по падот на авионот. „Во моментов сме фокусирани на семејствата, повредените лица и продолжувањето на интервенцијата“, додаде таа.

Тројца од петорицата повредени се во критична состојба, изјави противпожарниот началник Раед Џадалах. Како што истакна тој, неколку од повредените останале заглавени, па противпожарните и спасувачките екипи морале да ги извлекуваат.

Авионот наводно удрил во автомобили на еден паркинг. Официјалните лица велат дека е премногу рано за утврдување на причината за несреќата и дека истрагата ќе ја спроведе Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB). Во Мајами во времето на несреќата имало слабо грмотевично невреме проследено со силен ветер.

Патниците на меѓународниот аеродром во Мајами за „BBC“ изјавиле дека се фрустрирани од недостатокот на информации од надлежните, откако голем број летови беа откажани или одложени поради инцидентот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бледиот Јуве во последните минути се извлече од пораз со Милан

Latest from Blog

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир

УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА. Ортиз ќе мора

Николоски: Наскоро почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени. Градот Набатија беше погоден и од насилен
Go toTop