(ВИДЕО) Алијанса за Албанците донесе одлука за влез на партијата во Владата

February 9, 2023
1 min read

Во Владата ќе имаме двајца заменици-министри и тоа за одбрана и за земјоделство, како и три министерства од кои Правда и Здравство се сигурни и третото ќе биде или за информатичко општетсво или заменик-премиер за економски прашања, рече Таравари

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашниот состанок донесе одлука АА да биде дел од Владата. Ова го изјави лидерот на АА, Арбен Таравари, по средбата. „Организиравме и референдум во партијата за да го чуеме гласот на членовите. Добивме фидбек од повеќето членови на Алијанса за Албанците дека е добро АА да биде дел од Владата. Исто така, и повеќето членови на централното претседателство донесоа одлука, со пакетот што го испрезентиравме пред нив, Алијанса за Албанците да биде дел од Владата“, рече Таравари.

Алијанса за Албанците, како што рече Таравари, во Владата ќе има три министерски и две заменик-министерски места.

„Во Владата ќе имаме двајца заменици-министри и тоа за одбрана и за земјоделство, како и три министерства од кои Правда и Здравство се сигурни и третото ќе биде или за информатичко општетсво или заменик-премиер за економски прашања“,

додаде Таравари.

Тој додаде дека ова се одлуките, а дека за кадровските решенија ќе продолжи централното собрание и ќе се разговара.

„Најверојатно утре ќе имаме состанок со премиерот Димитар Ковачевски на кој ќе ги потпишеме веќе синхронизираните програми и можеби утре ќе се дадат имињата за идните можни министри и заменици-министри“,

рече лидерот на АА.

Во однос на тоа дали Алијанса за Албанците ќе добие и директорски места во институции, Таравари рече дека и на тие позиции ќе имаат свои луѓе, но сепак остава прво да се избере Влада, па потоа ќе се назначат директори.

„Во периодот што е пред нас ќе се знае и кои се институциите што ќе ги раководи Алијанса за Албанците. Нашата мисија е оваа година да ја направиме разликата во раководење со одредени институции и, се надевам, да се постигне целта на нашата мисија“,

рече Таравари.

На прашањето дали Алијанса за Албанците преговара со Алтернатива на Африм Гаши, која е дел од владејачкото мнозинство, Таравари само кусо на македонски јазик рече дека тие преговараат само со премиерот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аларм во Париз: По Мбапе, се повредил и Меси!

Следно

САД ќе обезбедат 85 милиони долари хуманитарна помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија
Go toTop