Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТ

October 1, 2026
1 min read

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма ќе се одвива во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а покровители, домаќини, организатори и реализатори на проектот се Веро Центар и ХОА – Ангелчиња.

Првиот фестивалски ден, 3 октомври, ќе понуди повеќе гастрономски натпревари и ревијални содржини, меѓу кои подготовка на национално јадење во котле, декорација на десерт „Black Box“, подготовка на месо на скара, подготовка на баници и пити на лице место, презентација на национални кујни, како и ревијална изложба на ситни колачи и слатки пити. Посетителите ќе можат да го посетат и Гастро пазарот, а програмата ќе биде дополнета со музички и културни содржини.

Фестивалот има и хуманитарен карактер. Производите од ревијалниот изложбен дел, како и подготвените пити и баници, ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“, со што гастрономијата и дружењето ќе добијат и дополнителна општествена вредност.

На 4 октомври програмата продолжува со Гастро пазар, натпревар во декорација на мали торти меѓу ученици од основни училишта, натпревар во брзо јадење десерти, како и концерт на ученици од Музичкото училиште „Андријана Јаневска“.

„ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ има цел да овозможи размена на искуства меѓу учесниците, да го поттикне натпреварувачкиот дух и соработката во гастрономскиот сектор, но и да создаде простор за дружење на посетителите со домашните и меѓународните учесници и реномирани шефови и судии. Фестивалот е наменет за професионалци од угостителството и слаткарството, ученици, излагачи од гастрономскиот и туристичкиот сектор, како и за пошироката јавност.

Веро Центар и Хуманитарната организација „Ангелчиња” ги покануваат граѓаните на 3 и 4 октомври да бидат дел од „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ и во два фестивалски дена да уживаат во традиционални вкусови, кулинарски натпревари, гастро презентации, музика и хуманитарни активности.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски од Брисел: Големи инфраструктурни инвестиции за модернизација на Коридорите 8 и 10

Следно

Против Црна Гора по традиција играме ефикасно, одлична квота и за победа на Македонија (Фото)

Latest from Blog

Против Црна Гора по традиција играме ефикасно, одлична квота и за победа на Македонија (Фото)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година вечерва продолжува со квалификациите за пласман на Европското првенство. Веќе е јасно дека немаме шанси за пласман на една од првите две позиции, па

Николоски од Брисел: Големи инфраструктурни инвестиции за модернизација на Коридорите 8 и 10

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и

Битола дел од новата иницијатива за индустриско поврзување со ЕУ

Градоначалникот на Oпштина Битола Тони Коњановски, денес во Будва, Црна Гора, присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони, од регионот на Западен Балкан (WB6) и Европската Унија. Церемонијата, која
Go toTop