Вечниот Мило Ѓукановиќ сака трет мандат: Изборите за него и партијата се битка за политички живот или смрт

February 26, 2023
2 mins read

Аналитичарите посочуваат дека партијата ДПС немала друг избор освен Ѓукановиќ, но и дека ова е последна шанса за враќање на власт. Според последните податоци од црногорската ДИК, освен Ѓукановиќ, во трка на претседателските избори во Црна Гора влегуваат уште тројца кандидати

Мило Ѓукановиќ / Фото: EPA-EFE/J.J. Guillen / POOL

Црна Гора се подготвува за претседателски избори кои се закажани за 19 март годинава. Еден од кандидатите ќе биде и актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ. Често, медиумите за него знаат да напишаат и „вечниот“. Последните децении тој постојано е во политичкиот, но и државниот врв во Црна Гора. Беше претседател во два мандати. Првиот во периодот од 1998 до 2002 година, а вториот го започна во 2018 и му завршува годинава. Во неколку наврати беше и премиер – од 1991 до 1998 година, од 2003 до 2006, од 2008 до 2010, од 2012 до 2016 година.

Одлуката на неговата Демократска партија на социјалистите (ДПС) да го кандидира за трет претседателски мандат, во својата денешна анализа весникот „Вјести“ ја нарекува битна за политички живот или смрт. Тоа значи дека по изборите следниот месец Ѓукановиќ или ќе ја задржи функцијата шеф на државата и ќе ѝ даде шанса на партијата да се врати и во извршната власт или ДПС со неговиот пораз ќе мора да се промени од темел.

„Ѓукановиќ не би се кандидирал да нема шанса за победа, како што делуваше во еден момент. Сега таа шанса не е невозможна и со самото тоа што тој лично придонесува со значителен процент во поддршката што партијата ја има меѓу гласачите, се обидува да направи пресврт по низата изборни порази“,

вели за „Вјести“ Стефан Ѓукиќ.

Политичкиот аналитичар од Белград Цветин Миливојевиќ, пак, оценува дека Ѓукановиќ во моментов е единствен избор на ДПС. Некој друг кандидат, според него, тешко би му парирал на противкандидатот што ќе се пласира во вториот круг.

„Откако пред две и пол години ДПС ги изгуби изборите и извршната власт, логично е дека сите очи се вперени во евентуалната можност Ѓукановиќ со победа на претседателските избори да обезбеди втора шанса за партијата. Таа шанса ќе биде и последна. Во таа смисла, кандидатурата на Ѓукановиќ е единствен можен избор за ДПС. Друг кандидат немаат. Секој друг кандидат во овој момент би бил послаб и тешко дека ќе може да смета на некое ного гласачко тело. Гледајте од тој аспект, ова е еден вид на битка за политички живот или смрт“,

вели за црногорскиот весник аналитичарот Миловојевиќ.

Самиот Ѓукановиќ порача дека во оваа изборна битка влегува како и до сега – да победи што е можно поубедливо. Целта, вели, му е победа во прв круг, но спремен е и за подолг изборен процес.

Тој посочи дека Црна Гора 2023 година ја очекува „сеопфатен изборен циклус“ кој ќе започне со претседателските избори, а ќе продолжи со предвремени парламентарни избори после неколку месеци.

Рокот за поднесување кандидатури за претседателските избори до црногорската Државна изборна комисија (ДИК) истекува вечерва на полноќ. Од ДИК досега потврдија дека примиле уште три други кандидатури и тоа за: еден од лидерите на Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, пратеничката на Социјалдемократската партија (СДП) Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ и лидерот на Демократска Црна Гора Алекса Бечиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Протест во Косовска Митровица против Заедницата на српски општини: „Не сакаме Косово да стане Босна“

Следно

УЖАС: Од игра во трагедија – девојчето кое загина од струен удар во Илинден снимало видео за Тик-Ток

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop