Вечерва почнува 68-то издание на Песна на Евровизија

May 7, 2024
1 min read

Најголемиот музички натпревар „Евровизија“ годинава се одржува во Малме со првото полуфинале. Второто полуфинале е во четврток 9 мај, а финалето на 11 мај.

Евросонг 2024 ќе се одржи во Арената Малме во Шведска. Таа е повеќенаменска сала со 15.500 седишта, која служи како место за ракометни натпревари, за концерти и за други настани. Оваа сала веќе беше домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2013 година.

Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и овогодинешниот домаќин Шведска. од балканските земји Србија ќе настапи во првата полуфинална вечер, а Теа Дора ќе настапо втора со „Рамонда“. Хрватскиот претставник Бејби Лазања (Марко Пуришиќ), ќе настапи во првата полуфинална вечер на 7 мај со песната „Рим Тим Таги Дим“. 

Во првата полуфинална вечер ќе настапат: Кипар, Хрватска, Ирска, Литванија, Полска, Србија, Украина, Австралија, Азербејџан, Финска, Исланд, Луксембург, Молдавија, Португалија и Словенија.

Во втората полуфинална вечер ќе учествуваат: Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Летонија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

Презентери на 68. Избор за песна на Евровизија ќе бидат холивудската и шведска актерка Малин Окерман и Петра Меде, шведска актерка и комичарка, која веќе двапати беше домаќин на најголемото европско музичко натпреварување.

Mожно да се гласа од 14 земји кои утре ќе се натпреваруваат, меѓу кои се Хрватска и Словенија, но и гледачи во Велика Британија, Германија и Шведска . Дополнително, можно е да се гласа и од таканаречениот „остаток од светот“, односно од земји кои воопшто не се натпреваруваат на Евровизија.

Џони Логан (69) ќе настапи вечерва во паузата. Тој беше првиот пејач кој победи на Евровизија двапати како пејач, во 1980 и во 1987 година, а потоа и трет пат во 1992 година како текстописец, па затоа беше поканет да се придружи на годинешното издание речиси четири децении подоцна.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Иран: САД се одговорни за израелскиот копнен напад врз Рафа

Следно

7 мај – ден на полицијата

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop