Вагнер се обидел да купи оружје од членка на НАТО, објави Си-ен-ен според протечените документи на Пентагон

April 13, 2023
1 min read

„Документот не само што упатува на разузнавачки информации за Вагнер кој сакал да купи оружје од Турција, туку наведува и дека паравоената група планирала да продолжи со регрутирање на затвореници од руските затвори“, пишува Си-ен-ен

Руската паравоена група Вагнер која се бори во Украина во име на рускиот претседател Владимир Путин се обидела да купи оружје и опрема од Турција која е земја членка на НАТО, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на еден од протечените тајни документи на Пентагон.

Медиумот пишува дека персоналот на Вагнер на почетокот на февруари се сретнал со „турските контакти“ со намера да купи оружје и опрема од Турција што потоа би можело да се користи во борбите против Украина.

Не е јасно кои биле тие „контакти“ или дали турската влада знаела за состаноците, но нема докази ниту дека е постигнат напредок во договорот во врска со продажба на оружје на руската паравоена група.

„Документот не само што упатува на разузнавачки информации за Вагнер кој сакал да купи оружје од Турција, туку наведува и дека паравоената група планирала да продолжи со регрутирање на затвореници од руските затвори“,

пишува Си-ен-ен.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека Министерството за одбрана и разузнавачката заедница активно ја разгледуваат и проценуваат валидноста на објавените документи, додавајќи дека не се во позиција да потврдат или да коментираат какви било информации што ги содржат документите.

Турската влада го изрази своето противење на руската инвазија на Украина, но сепак, за разлика од многу сојузници на НАТО, таа одржува блиски врски со владата во Москва.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За еден ден санкционирани над 200 возачи во Скопје

Следно

Генералштаб на Украина: Во тек се најжестоките борби досега во Бахмут

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop