За еден ден санкционирани над 200 возачи во Скопје

1 min read

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица

Следно

Вагнер се обидел да купи оружје од членка на НАТО, објави Си-ен-ен според протечените документи на Пентагон

Latest from Blog