Утврдена маршрутата по која Лавров треба да пристигне на скопскиот аеродром за состанокот на ОБСЕ, потврди Министерството за одбрана

November 28, 2023
2 mins read

„360 степени“ го праша Министерството за одбрана дали до нив стигнало барање за одобрување прелет и слетување на авионот на Руската Федерација со кој министерот Сергеј Лавров би пристигнал во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Откако земјава одобри државниот руски авион да слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“, со што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе може да присуствува на Министерскиот совет на ОБСЕ, а Бугарија дозволи прелет на неговиот авион, од Министерството за одбрана велат дека веќе се дефинирани безбедносните проценки и дадени се насоки за движење на рускиот воздухоплов, за чиј лет е одредено име и број, а утврдени се и маршрутите за движење на авионот.

„360 степени“ го праша Министерството за одбрана дали до нив стигнало барање за одобрување прелет и слетување на авионот на Руската Федерација со кој министерот Сергеј Лавров би пристигнал во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Оттаму одговорија дека до надлежните органи се дадени насоки за маршрутите за движење на воздухопловот со кој треба да лета рускиот министер.

Според Министерството за одбрана, на 24.11 во попладневните часови согласно Уредбата за посебните услови, начинот и постапката за добивање на одобрение за летање до Оперативниот центар одговорен за контрола на воздушниот простор било доставено барање за прелет и слетување на воздухопловот на делегацијата на Руската Федерација.

„Согласно интерните процедури за летот беше извршена безбедносно-разузнавачка проценка по што до МНР беше издадена согласност за прелетот и беше назначен број на летот – Diplomatic clearance number и дадени се насоки до надлежниот орган за рутите за движење на воздухопловот“,

одговараат од Министерството за одбрана.

Минатата недела Владата донесе одлука со која се врши измена и дополнување на актуелните рестриктивни мерки кон Руската Федерација кои земјава ги воведе по руската инвазија врз Украина, а согласно кои беше воведена забрана за влез на руски воздухоплови во воздушниот простор на Северна Македонија.

Од Владата тогаш соопштија и дека Министерствата за надворешни работи и за одбрана ќе може да одлучат дали ќе издадат одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов над и во земјава за време на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Одлуката за ограничување на пристапот на руски авиони Владата ја донесе во февруари минатата година приклучувајќи се кон регулативата на Советот на ЕУ од заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Вчера вечер и Бугарија го отвори воздушниот простор за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тоа го потврди и руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, која посочи дека е добиен позитивен одговор на нивната нота за авионот на Лавров кој лета низ бугарскиот воздушен простор.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изминатиот викенд одговарајќи на новинарско прашање дали МНР го договорило доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи и дали за тоа има поддршка од министерката за одбрана Славјанка Петровска имајќи предвид дека таа на владината седница по ова прашање гласала воздржано, рече дека со колешката се на иста линија по однос на националниот капацитет, но тука не станува збор за билатерална средба.

„Во национален капацитет, како министер за надворешни работи, би бил против, но тука Лавров не доаѓа во билатерална посета, туку доаѓа во земја домаќин на ОБСЕ. Во национален капацитет сме на иста линија со министерката Петровска, но мора да се прави разлика. На вчерашната седница, Владата ни даде овластување, на МНР да даде согласност за доаѓањето на Лавров, а Министерството за одбрана да ги даде повикувачките броеви, бидејќи МО ги дава повикувачките броеви за сите владини авиони и потоа ние како МНР даваме дозвола. Значи, за дипломатски авиони дозволите ги дава МНР врз основа на повикувачки број од МО. Затоа Влада не овласти ние да донесеме одлука. Ако ние процениме дека треба да дојде, ќе бараме од МО повикувачки број. Мора тоа побрзо да се одлучи бидејќи нема време, треба да се издаваат визи, а нашата амбасада во Москва ги прима апликациите“,

посочи тој.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бројките на геноцидот во Газа

Следно

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се состанаа во Брисел

Latest from Blog

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во
Go toTop