Утре собраниска седница за реконструкција на Владата

February 12, 2023
1 min read

Собраниската седница на која ќе се одлучува за Предлогот за реконструкција на Владата што го испрати премиерот Димитар Ковачевски е закажана за утре во 15 часот.

Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет е за четворица министри и пет заменици министри, а следуваше по преговорите за приклучување на Алијансата за Албанците (АА) во владиното мнозинство.

Прва точка на дневниот ред на 104. седница е предлогот за разрешување на министрите за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, како и на Џемаил Чупи, од функцијата министер без ресор за дијаспора, тројцата кадри од актуелниот коалициски партнер Алтерантива.

Како следна точка е изборот на предложените нови министри, Кренар Лога, за министер за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ за министер за животна средина и просторно планирање. Лога ќе го замени Никола Тупанчевски од СДСМ, Меџити треба да биде на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, доаѓа на местото на досегашниот министер во животна средина Насер Нуредини од ДУИ.

Со реконструкцијата се опфатени замениците министри во ресорите одбрана, правда, земјоделство, образование и здравство. На 104. собраниска седница, според дневниот ред, треба да бидат разрешени Башким Хасани од функцијата заменик министер за одбрана, Абдулќушур Абедини од заменик министер за земјоделство и Лулзим Алиу од заменик образование. Ќе се гласа за новите предлози за заменици министри, за одбрана за каде е предложен Тирон Јајага, за земјоделство за Вјолца Бериша, кадри на АА, за правда – Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ, за здравство Маја Манолева, како и за образование и наука – Агим Нихиу од ДУИ.

Коалицискиот партнер во власта Алтернатива, кој раководи со министерствата за здравство и за информатичко општество и администрација, а има кадри и во пониските ешалони на власта, за денес најави седница на Претседателството на која ќе одлучува за натамошното делување.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ УШТЕ ИМА НАДЕЖ: Спасувачите извлекуваат живи луѓе и после седум дена од катастрофалниот земјотрес во Турција

Следно

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот, дури 4 града од Балканот во топ 10

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop