На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
-Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Рајко Жинзифов бр. 32, во периодот од 08.00 часот до одстранување на дефектот без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски (о. Центар).
Извор: zurnal.mk


